Назив на папка
:
Закон за прекршоците против јавниот ред и мир
Назив на министерство
:
Министерство за внатрешни работи
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир
Краток опис на проблемот
:
Со Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир сe менува битието на прекршочното дејствие утврдено во членот 20, при што се утврдува правен основ за санкционирање и на поседување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, со што се предлага санкционирање на лицето кое поседува за лична употреба или се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, односно изрекување на глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Видот и количината на наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите се утврдуваат со тестови за прелиминарна анализа и ваги за мерење. Наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите се одземаат од лицето и се уништуваат согласно закон, како и се врши техничко допрецизирање на членот 36 од Законот, каде е утврдено кои прекршочни дејствија утврдени во Законот се во надлежност на постапување на комисиите, односно на надлежниот суд.
Цел на предлог законот
:
Со Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир сe менува битието на прекршочното дејствие утврдено во членот 20, при што се утврдува правен основ за санкционирање и на поседување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, со што се предлага санкционирање на лицето кое поседува за лична употреба или се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, односно изрекување на глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Видот и количината на
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
19.02.2025 - 20.03.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ana_poptaseva@moi.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
м-р Анета Златаревска
Други информации
:
/