Назив на папка
:
Закон за платниот промет
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за платежни услуги и платни системи
Краток опис на проблемот
:
Платежните услуги и платните системи во моментов се уредени со Законот за платниот промет кој е донесен во 2007 година. Истиот не е во согласност со новите трендови и технологии како и со релевантните директиви и регулативи на Европската унија.
Цел на предлог законот
:
Со Законот ќе се либерализира пазарот на платежните услуги и ќе се зајакне конкуренцијата.Ќе се зајакнат правата на потрошувачите за нивно информирање од страна на давателите на платежни услуги за условите за користење на услугите.Законот ќе обезбеди транспареност и споредливост на надоместоците за платежните услуги, а меѓубанкарските надоместоци со платежни картички ќе бидат ограничени.За одредени категории на потрошувачи ќе се овозможи отворање сметки со основни функции преку кои ќе може да се извршуваат одреден број на бесплатни трансакции.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
10.02.2020 - 30.03.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
nimet.ajdini@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Нимет Ајдини, 02 3255 358
Други информации
:
/