Назив на папка
:
Закон за платите на јавните обвинители
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, во скратена постапка
Краток опис на проблемот
:
Во февруари и во декември 2024 година, Собранието на предлог на група пратеници донесе законски решенија со кои на двапати беше намален коефициентот за пресметување на платите на јавните обвинители.
Цел на предлог законот
:
Целта на овој закон е да се регулираат коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители во насока на нивно зголемување. Со овој предлог - закон се овозможува враќање на коефициентите на платите на јавните обвинители, со цел да се подобри положбата на јавните обвинители во согласност со стандардите на ЕУ, што е приоритетна цел на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024-2028 со Акциски план, и реализација на чекор од Реформската агенда во областа на политика 5.Фундаментални вредности/ Владеење на правото подобласт 5.2.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
09.07.2025 - 16.07.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.pravda.gov.mk,
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Министерство за правда,
ул.”Димитрие Чуповски” бр.9 Скопје,
cabinet@justice.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Кабинет МП, 02 3116 – 493, 02 3116 - 648
Други информации
:
/