Министерство за внатрешни работи
23.12.2024
Закон
Отворен
Со Законот за внатрешни работи нормативно-правно се уредуваат организацијата и надлежноста на Министерството за внатрешни работи, внатрешните работи, категориите, статусот и посебните должности и овластувања на работниците во Министерството, права и обврски од работен однос и друго. МВР предлага донесување нов Закон за внатрешни работи поради потребата од ревидирање на поголем број на одредбите од постојниот Закон за внатрешни работи, во насока на подобрување на функционирањето на определени процеси во Министерството кои се регулираат со Законот за внатрешни работи, односно ревидирање на одредбите кои се однесуваат на класификацијата на работни места во Министерството (категории, нивоа, видови на работни места), уредување на системот на кариера на работниците во Министерството (распоредување и унапредување), ревидирање на одредбите кои се однесуваат на платата на работниците, дисциплинска и материјална одговорност на работниците, оценување на работниците и др.