Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
13.11.2024
Закон
Отворен
Здравјето на растенијата, мерките и обврските со појавата на штетни организми кај растенијата и растителните производи, превенцијата од нивното внесување и ширење, како и мерките за нивно сузбивање се регулирани со постоечкиот Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16, 83/18) и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/21). Во тековниот Закон за здравјето на растенијата е транспонирана Директивата на Советот 2000/29/ЕЗ од 8 мај 2000 година за заштитни мерки против внесување и ширење на штетни организми во Заедницата, кои се штетни за растенијата и растителните производи и истата е укината со Регулативата (ЕУ) 2016/2031.