Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
24.10.2023
Закон
Отворен
Со Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21), се уредува користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште како добро од општ интерес за Републиката кое ужива посебна заштита. Измените и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште се во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа материја, посебно во делот на пренамената на земјоделско земемјиште од прва до четврта катастарска класа за изградба на енергетски објекти.