Назив на папка
:
Предлог на закон за пробација
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за пробација
Краток опис на проблемот
:
Усогласување со Законот за извршување на санкциите, измени на законските одредби од формален аспект и од аспект на надлежноста на пробациската служба,
определување на начинот на постапување на пробациската служба во делот на условниот отпуст,
измени на роковите во кои треба да постапува пробациската служба поточно зголемување на рокот во кој биде изработена индивидуалната програма за третман на лицата под пробација, измени во делот на поднесување на извештаи до судот и други измени кои од практичното постапување на службата се покажале како неопходни.
Цел на предлог законот
:
Целта на Предлог-законот е да се надминат недостатоците кои беа утврдени од досегашната пракса на пробациската служба и да се подобри ефективноста на пробацискиот систем и заштитните механизми кои што ќе бидат прифатени од страна на заедницата.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
17.04.2025 - 31.05.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
https://ener.gov.mk/
https://pravda.gov.mk,
https://www.uis.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Министерство за правда
ул. Димитрие Чуповски, бр. 9,
1000, Скопје,
Е-пошта: Dijana.Geroska@justice.gov.mk,
Martin.Ravanoski@justice.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
м-р Дијана Ѓероска, Раководител на Одделение за надзор над извршување на пробациски работи, Сектор за пробација,
Мартин Раваноски, Советник-внатрешен ревизор
Други информации
:
Закон за пробација („Службен весник на Република Македонија“, бр. 226/15)