Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за вештачење

Министерство за правда
24.09.2021
Закон
Отворен
Законската рамка која детално ја уредува областа вештачење за прв пат беше воведена во 2010 година со донесување на Законот за вештачење. До сега истиот беше менуван и дополнуван вкупно пет пати и тоа во 2014, 2015 и 2018 години. Поради големиот број лоцирани слабости и недостатоци во актуелниот закон, се наметна потребата од донесување на нов закон кој ќе придонесе кон зголемувањето на ефикасноста и воспоставувањето на функционален систем за вештачење.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

09.03.2022 Владимир Ѓорчески

Почитувани,
Во продолжение Ви доставувам предлози за дел од членовите од Предлог Законот за вештачење -

Член 5

(1) Вештачење може да врши
-физичко лице вештак регистрирано согласно ЗТД
-правно лице регистрирано согласно ЗТД
-високообразовна установа,научна установа,врз основа на овластувања утврдени со Закон
(2) Супервештачење може да врши друштво за вештачење со вработено најмалку три лица со полно работно време со лиценца за вештачење или високообразовна установа или научна установа.

Член 40

Став 3 одземање на лиценца се брише и не се дава надлежност на дисциплинска комисија да одлучува за тоа поради надлежноста која е веке дадена на министерот во член 26 а која содржи 7 точки, односно причини за одземање.
Дадената можност на дисциплинска комисија да одлучува а врз основа на многу општи и недефинирани причини ке создадде можност од злоупотреби врз основа на непрецизно поставени услови.
На мислење сме дека се достаточни 7-те причини кои се дадени како овластување на Министерот во член 26 од овој Закон, така да нема потреба од дополнителен притисок врз вештаците, а на дисциплинската комисија ке им останат како инструмент јавната опомена и паричната казна

Член 47

Лиценците за вештачење кои се издадени од страна на Министерството за правда во текот на 2011 година, врз основа на член 19 став 3 од Законот за вештачење (Сл.весник на РМ 115 од 30,08,2010 година ), а кои се продолжени во текот на 2017 година врз основа на член 19 став 5 од Законот, истите ке се продолжат врз основа на истиот член од досегашниот Закон за вештачење во рок до 31,12,2022 година.

Поздрав.

09.03.2022 Јане Дамјански

Почитувани,
Во чл.5 ст.1 се вели дека вештачење може да врши физичко лице вештак, што е во спротивност со сите други преостанати членови, бидејќи како физичко лице нема обврска за осигурување, за водење на евиденција, ниту пак за регистрирање како правно лице, што значи дека се ставаат во нерамноправна положба сите останати правни лица, кои што ги имаат погоре наведените обврски за исполнување, па предлог е да се избрише физичко лице вештак (нешто што го немаше и во досегашниот Закон).
Во чл.5 ст.2 е наведено дека супервештачење може да врши тим од 3 вештаци, но нема дообјаснување дали истите МОРА да се вработени во исто правно лице или установа. Ако не мора, тогаш произлегува дека може да се соберат 3 физички лица кои што се поединци или соработници во одредени правни лица или пак вработени во различни правни лица и да направат тим, при што нема да се знае кој е носител на супервештачењето (кое правно лице), кој ќе одговара доколку се направи штета или прекршување на законските одредби и од кого евентуално би се наплатило осигурување. Има и други импликации, па предлогот е да се тргне оваа можност (ТИМ ОД 3 ВЕШТАЦИ) да може да врши супервештачење или да се дообјасни дека тоа е тим од исто правно лице.
Во чл.19 да се додаде став дека лиценцата за веќе положените вештаци (со валидни лиценци издадени претходно од Министерството за правда) е трајна, освен ако не се одземе заради одреден прекршок.

07.03.2022 Сава Минова

ЧЕШКО ИСКУСТВО, СУДСКИ ВЕШТАЦИ Ч

Има комора на судски вештаци Ч

хттпс://ксзцр.цз/

Чешка комора на судски вештаци одделот Електротехника, Електроника и ИТ сектор (хttпs://кszcр-еиtе.cz/индeџ.htмл?errоr=ноriгhts)

Законот е стар и доградуван до денешен ден со влезот во ЕУ, уште од 1967 година, а условите за Експерт и Тумач се идентични и споени во една законска целост :

Зákon č. 36/1967 Сб., o znалcích а tlумočnících, в platném znění

Услови :

* Стручност
* Неосудуваност
* Морален лик

НЕМА ИСПИТИ, ОГРАНИЧУВАЊА, ЗАКОНСКИ ДЕТАЛИ И СЛ. ЗАКЛЕТВАТА ЗА ЧЕСТ И МОРАЛНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ВАЖИ.
<< < 1 2 3 4 > >>