Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог Закон за административни службеници

Министерство за информатичко општество и администрација
12.11.2020
Закон
Отворен
Постојниот Закон за административни службеници воведе доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по 5 годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследно да се примени законот и да се постигне целта поради која е донесен. Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот, но со оглед на фактот дека од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон, во кој основата е веќе постојниот Закон за административни службеници.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

13.10.2022 ЛИДИЈА НАСТЕВСКА

Во член 18 став 1 каде се утврдени нивоата во рамките на категоријата В работни места се определени дека ќе ги вршат стручни административни службеници, а во член 71 став 3 од алинеа 14 до алинеа 21 овие работни места се утврдени како помошно стручни административни места.
Исто така во член 71 став 3 во кој се утврдуваат бодовите за работните места се прави голема неправда и дискриминација на вработените административни службеници во јавниот сектор, затоа што нивната работа се потценува, така да испаѓа дека вработен од ниво Г во министерствата и секретаријатите ќе зема поголема плата од вработен административен службеник од ниво В во јавните установи. Сметам дека ова е тежок вид на дискриминација и неправда, а од друга страна да укажеме дека во јавните установи од типот на градинки, училишта, библиотеки , културни и други установи обично административните работи ги вршат 1 или 2 луѓе. Во министерставата вработените се организирани во одделенија и сектори и во секој од нив има по неколку луѓе за секоја област од административното работење, за разлика од установите каде сето тоа го врши еден човек. На пример во градинката каде што јас работам и сум советник секретар, кој со овој предлог ќе зема според досегашнта вредност на бодот 10.500,00 денари помалку од вработен во министерството од истото ниво, ги обавувам следниве работи: архгивар со целосна одговорност за целокупното архивско работење, потоа нормативно правната дејност(изготвување на сите акти потребни за нормално работење на градинката), јавните набавки, ги водам човечките ресурси за околу 50 вработени и водење на ХРМИС системот , сум одговорно лице за информации од јавен карактер, одговорно лице за безбедност при работа, одговорно лице за заштита на личните податоци, целосната коресподенција на установата со сите министерства, општини , институци и слично, обработка на статистички податоци и многу други работи.
Прикачен документ на коментарот 342_Писмо_до_миоа1690686156.docx

13.10.2022 Анѓица Иванова

Во новиот предлог Законот за администативни службеници во членовите од 15 до 20 се утврдени категориите, нивоата, звањата на административните службеници но истите не соодвествуваат со член 71 од истиот. Со вака даденото решение се косат одребите од постоечката категоризација утврдена со Каталогот на работните места во администрацијата.
Имено, во новиот предлог Законот за администативни службеници од нивото В1 за вработени во јавниот сектор е определено како помошно стручно и се бараат 180 кредити или VII/1 степен, а додека во постоечкиот Закон за административни службеници нивото В1 се однесува на стручно – административни службеници и се потрбни 240 кредити или VII/1 степен. Како стручно – администативно лице во градинка, тежинта на работата е посложена од вработените во минисерствата. Во министерствата имаат одделенија, сектори кои работат на одредена проблематика, а додека ние вработените во детските градинки мора да имаме познавање од сите области. Како пример Ви наведувам дека еден Советник секретар во градинка ги покрива работите од човелки ресурси (конкретно во утановата каде работам има 150 вработени и согласно законот за административни работници потребни се 5 извршители), јавни набавки (на годишно ниво се распишуваат 40 тендери дури и со меѓународни објави и потребен е положен испит за јавни набавки), одговорно лице за слободен пристап на информации од јавен карактер, одговорно лице за заштита на лични податоци – офицер за заштита на лични податоци, одговорно лице за спречување од вознемирување на работно место, одговорно лице за безбедност и здравје при работа, правно нормативните работи (изготвување на сите акти кои се потребни за законско функционирање на градинката), а бидејќи установата нема медицинско лице и делот од таа област ја покривам и се друго кое ќе произлезе од тековната работа.
Правејќи ја паралелата со Важечкиот закон за административни службеници и новиот Предлог закон видно е дека критериумите за тоа ниво се намалуваат, а воедно и платата воопшто не се менува во нагорна линија, туку напротив во однос на другите вработени се намалува. Се поставува прашањето дали тежината, односно одговорноста, степенот на сложеност на работните задчи на Советник секретарот В1 ниво е ист со работно место Ниво Г за кое се бара IV степен.
Да појаснам административните службеници во министерствата и секретаријатите добиваат 200 бода повеќе од нас вработените административни службеници во јавниот сектор и се поставува прашањето дали нашето образование со 240 кредити или VII/1 степен е помалку вредно од образованието на администативните службеници вработени во министерствата и скретаријатите, односно дали административните службеници ниво Г со IV степен во минисерствата и секретаријатите имаат поголем степен на сложеност на работа ?????????
Воедно се поставува и прашањето зошто и секретарите од другиот јавен сектор не се ставата во категоријата А – секретари со дадено соодветно ниво.
Од сето ова горе наведено, се надевам дека во одредбите од Предлог Законот за администативни службеници, категоријата и нивото В1 ќе биде определено како стручно административно и бодовите за тоа ниво да бидат исти за тоа ниво без оглед каде се извршуваат работите. (дали во министерство, скретаријат, општина,градинка итн...).

06.10.2022 Александар Гавриловски

Во член 71 став(3) од нацрт ЗАС делот на плата за нивото на кое е распореден административниот службеник се вреднува со различни бодови за вработен во министерство или секретаријат и вработен во институција во јавниот сектор. Дали тоа значи дека административни службеници вработени во министерство или секретаријат ќе бидат платени со 10 000 денари повеќе од за исто ниво и работно место од административните службеници вработени во јавен сектор?
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>