Назив на папка
:
Закон за локална самоуправа
Назив на министерство
:
Министерство за локална самоуправа
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа
Краток опис на проблемот
:
Досегашната примена на Законот ги истакна недостатоците во спроведувањето на одредени конкретни одредби и
овозможи индентификување на сите одредби од законот кои треба да бидат унапредени за да се подобри неговата примена. Завршена е оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа. Подготвени се анализи и извештаи за примената на конкретни одредби кои се предмет на уредување на Законот за локалната самоуправа.
Цел на предлог законот
:
Подобрување на функционалните аспекти на системот на локалната самоуправа, надминување на правните празнини, недоречености и воочени потреби за усогласување во Законот за локалната самоуправа низ добро осмислени, аргументирани и целисходни нормативни интервенции.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
21.10.2024 - 16.03.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.mls.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
snajkova@mls.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Сузана Најкова, раководител на Сектор
Други информации
:
Измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа ќе се одвиваат на транспарентен и инклузивен начин со вклученост на сите засегнати страни.