Назив на папка
:
Закон за процена
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за процена
Краток опис на проблемот
:
Во Предлог‑законот за вештачење, објавен на ЕНЕР на 04.07.2025 година, целата глава „Биро за процена“ е избришана, бидејќи не е соодветно ова прашање да биде уредувано во рамките на овој закон. Доколку Бирото за процена се изостави од Законот за вештачење, а притоа не се обезбеди друг соодветен закон во кој истото ќе биде регулирано, тоа би значело дека Бирото за процена де јуре ќе биде дерогирано. Законот за процена, е единствениот соодветен законски акт во кој е правилно и потребно да биде уредено прашањето за Бирото за процена
Цел на предлог законот
:
Подготовка на законски измени заради соодветно уредување на Бирото за процена, како и надминување на некои од недостатоците на постојниот закон и усогласување со Уставот и останатите закони во Република Северна Македонија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.07.2025 - 30.09.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.pravda.gov.mk,
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Ул.”Димитрие Чуповски” бр.9 Скопје,
lkicheec@justice.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Леона Кичеец, советник
Други информации
:
/