Назив на папка
:
Закон за енергетика (*)
Назив на министерство
:
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за енергетика
Краток опис на проблемот
:
Министерскиот Совет на Енергетската заедница донесе Одлука бр. 2021/13/MC-EnC (од 30.11.2021 година) и Одлука бр. 2022/03/MC-EnC (од 15.012.2022) со кои ги обврза договорните страни на Енергетската заедница, меѓу кои и Република Северна Македонија, да го транспонираат во своите национални законодавства Пакетот на Европската Унија за чиста енергија, прилагоден со одлуките на Министерскиот совет, најдоцна до 31.12.2023 година. Исто така, досегашната примена на важечкиот Закон за енергетика укажа дека одредени законски решенија е треба да се променат за да одговорат на новите потреби и развојни трендови во глобалниот и домашниот енергетски сектор.
Цел на предлог законот
:
Со законот ќе се транспонираат Регулативите и Директивите на ЕУ од Пакетот за чиста енергија
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
07.08.2023 - 31.10.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ЕНЕР и
www.economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
valentina.stardelova@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Валентина Старделова
Други информации
:
следните правни акти ќе се транспонираат со новиот закон и тоа
- Регулативата ЕУ 2018/1999 за управувањето со Енергетската Унија и активностите во областа на климата
- Директивата ЕУ 2019/944 за заедничките правила за внатрешниот пазар на електрична енергија
- Регулативата ЕУ 2019/943 за внатрешниот пазар на електрична енергија
- Регулативата ЕУ 2019/941 за подготвеност за справување со ризици во електроенергетскиот сектор
- Регулативата ЕУ 2019/942 за Агенцијата на ЕУ за соработка на енергетските регулатори и
- Директивата ЕУ 2018/2001 за обновливи извори на енергија