Назив на папка
:
Предлог Закон за родова еднаквост
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за родова еднаквост
Краток опис на проблемот
:
Овој закон ќе придонесе да се надминат пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотите преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење.
Со овој закон се уредуваат мерките за остварување на родовата еднаквост, примената на родовата интеграција, надлежностите и обврските на субјектите одговорни за спроведување на законот, родовите механизми и начинот на следење и известување за резултатите од спроведувањето на законот.
Цел на предлог законот
:
Целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост во сите сфери на јавниот и приватниот живот со зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството и овозможување на еднакви можности за остварување на сите права преку унапредување на родовата еднаквост.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
13.09.2022 - 31.12.2022
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
scvetkovska@mtsp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
scvetkovska@mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Светлана Цветковска
Други информации
:
//