Назив на папка
:
Закон за климатска акција
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Закон за климатска акција
Краток опис на проблемот
:
Со овој закон се уредува воспоставувањето на рамка за климатска акција за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата и отстранување по пат на природни и други апсорбенти, како и адаптација кон климатските промени.
Цел на предлог законот
:
Цел на Законот е зголемување на напорите за зајакнување на глобалниот одговор кон заканата од климатските промени, воспоставување механизми за следење и известување неопходни за навремено, транспарентно, точно, конзистентно, споредливо и комплетно известување и верификација на информации за специфицирани антропогени емисии на стакленички гасови по извори и отстранување преку апсорбенти, како и преземање на акции за адаптација кон климатските промени, воспоставување политики, планирање и преземање на административни мерки.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
27.12.2022 - 30.06.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.moepp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Министерство за животна средина и просторно планирање
Други информации
:
/