Назив на папка
:
Закон за рударство (*)
Назив на министерство
:
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за рударство (*)
Краток опис на проблемот
:
Со овој закон се уредуваат поттикнувањето, унапредувањето и одржливата експлоатација и преработка на минерални суровини, како и мерките за безбедност, заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Се дефинираат начини за спречување или минимизирање на штетното влијание од отпадот при експлоатација, мерки за сигурно и одржливо снабдување со критични суровини преку ефикасност и циркуларност во синџирот на вредности. Законот има за цел да го намали ризикот од прекини во снабдувањето, да поддржи стратешки проекти за намалување на зависноста од увоз, да поттикне технолошки напредок и да ја подобри способноста на РСМ за следење и ублажување на ризици. Се обезбедува слободно движење на критични суровини и производи, со високо ниво на заштита на животната средина и одржливост, преку подобрување на условите и надзорот при нивната експлоатација и преработка.
Цел на предлог законот
:
Со овој закон се уредуваат поттикнувањето, унапредувањето и одржливата експлоатација и преработка на минерални суровини, како и мерките за безбедност, заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Се дефинираат начини за спречување или минимизирање на штетното влијание од отпадот при експлоатација, мерки за сигурно и одржливо снабдување со критични суровини преку ефикасност и циркуларност во синџирот на вредности. Законoт има за цел да го намали ризикот од прекини во снабдувањето, да поддржи стратешки проекти за намалување на зависноста о
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.11.2024 - 18.07.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
filip.petrovski@energy.gov.mk, jeton.kuci@energy.gov.mk и kika.spritova@energy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Филип Петровски
Други информации
:
/