Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11). Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2021 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2022.
|
Прикачен документ на веста Obrazec na inicijativa za GPVRSM 2022 za GO (2).docx