Со Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија”, бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19)е уредена, покрај другото, и материјата поврзана со здравствените работници со високо образование од областа на медицината, издавањето, обновувањето, продолжувањето и одземањето на лиценците за работа, статусот на Лекарската комора на Република Северна Македонија и јавните овластувања на Комората во постапката за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците за работа и вршењето на стручниот надзор над работата на здравствените работници. Оваа материја е уредена заедно со другите здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата и недостасуваат одредени специфики во однос на вршењето на докторската дејност.Освен тоа, уредени се одделни прашања поврзани со правата и обврските на докторите на медицина.Од страна на Лекарската комора, во повеќе наврати иницира вршењето на докторската дејност да се уреди во посебен закон, за да се уреди во целина материјата поврзана со вршењето на докторската дејност.
Прикачен документ на веста ПРИЛОГ БР.2 (3).docx