Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
12.12.2020
Закон
Затворен
Со предлог текстот на законот се уредува постапката на апликација за средства од програмата за директни плаќања во земјоделството и спроведување на управна постапка за ЕРЗС и ЛПИС. Со текстот се уредува и регулирањето на земјоделските задруги.
Документи за прописот
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

05.01.2021 Сашо Суклоски

1 Во членот 15 став 7 да се промени и да гласи : Носителот и членовите на семејното земјоделско стопанство се полнолетни лица кои постојано или повремено работат во стопанството ,припаѓаат на иста фамилија и имаат иста адреса на живеење. По исклучок лицата кои имаат иста адреса на живеење можат да се запишат во ЕРЗС како посебно земјоделско стопанство доколку не се членови на иста фамилија со носителот на веке запишаното земјоделско стопанство со истата адреса на живеење со изјава заверена на Нотар.
- Со тоа точка 9 од член 15 се брише
( Со ова би се овоможило да биде запишано и друго СЗС иако имаат иста адреса на живеење доклку преставува друга фамилија. Пр. Татко и син живеат во иста кука на посебни спратови а синот има сопствена фамилија
2 Во член 15 после став 12 се додава нов став 13 кој гласи:
Доколку правното лице е закупец на државно земјоделско земјиште и не ја има платено
закупнината за претходните две години истото се става во мирување до подмирување на
обврските и не може да поднесе барање за од програмата за дирекни плакања во
земјоделството и руралниот развој , ниту од програмите ИПАРД и Рурален . Доколку и во
наредната година не ја регулира обврската истото се брише од ЕРЗС
( На овој начин ке се натераат правните лица да ја плакаат закупнината и да ја
обработуваат земјата а не само да земаат земјиште под закуп да не плакаат закупнина а да
ги користат средствата од државата)

2. Во член 15 после став 14 се додава Нов став Агенцијата може по службена должност да изврши бришење на земјоделското стопанство од ЕРЗС во случај на смрт на носителот на земјоделското стопанство доколку неговите наследници не поднесат барање за промена во ЕРЗС а по добивање на информација од соодветна институција за новонастанатата околност или во случај на престанување на условите за запишување на стопанството во ЕРЗС.
3 Во член 15 став 17 да се дополни со: Агенцијата издава Решение за запишување, промена на носител на СЗС или бришење од ЕРЗС а точка 18 да се брише. Со сегашната точка 18 за секоја промена се издава решение во кое стои Решение за запишување на земјоделското стопанство а странката бара само промена во култура на одредена парцела или промена на жиро сметка. На тој начин земјоделците ке се ослободат од дополнителни трошоци ( Таксени марки и сл.)
4 Став 18 се брише
5 Став 19 се дополнува со Содржината и формата на решението за запишување во ЕРЗС,Решението за промена на носител и Решението за бришење од ЕРЗС ги донесува Директорот на Агенцијата.
6 . Во член 50 од законот да се додаде став со кој ке се определи крајниот рок за поднесување барања да биде 30.06.во тековната година како не би се случувало земјоделците да закаснат со поднесување на барања мислејки дека рокот е 30.06 а истиот е променлив секоја година.
7 Во членот 53 од Законот каде е регулирано намалување и исклучување од директни плакања по површина на земјоделско земјиште со сегашното решение се случува да земјоделецот биде одбиен од старна на АФПЗРР за сите мерки ДОКОЛКУ се јави разлика поголема од 50% кај една мерка или на пример ако има пријавено 2 ха цреши ( мерка 1,9) и 2 говеда ( мерка 2,1) и при контрола се утврди дека има само 1 говедо (50%) земјоделецот се одбива и за црешите.
Се предлага да при вакви случаи земјоделецот да биде одбиен само за онаа мерка каде што е најдена неправилност а не за сите мерки.

8 Во подзконските акти да се изврши промена на обрасците за запишување на земјоделското стопанство во ЕРЗС и обрасците за пријавување промени во земјоделското стопанство односно истите да се одвојат( посебно за запишување и посебно за пријавување промена со место за потписи на секоја страна)



28.01.2021 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

По однос на коментар во точка 1 - дел 2 одговор е следен
Согласно Закон за земјоделско земјиште закупецот е должен до 31.06 тековната година да ја плати закуппнината за претходната година, доколку не ја плати се раскинува договорот за закуп за државно земјоделско земјиште.

По однос на коментар во точка 2 одговорот е следен
Коментарот се одбива

По однос на коментар во точка 3 одговоро е следен
Коментарот се одбива поради тоа што според Закон за општо управна постапка за менување на реален акт мора да се направи со издавање на друг реален управен акт.

По однос на коментар во точка 4 одговорот е следен
Коментарот се одбива

По однос на коментар во точка 5 одговорот е следен
Решение врши овластено службено лице, коментарот се одбива

По однос на коментар во точка 6 одговорот е следен
Барањето за директни плаќања се поднесува секоја година од страна на носителот на земјоделското стопанство и истото е пропишано во Уредба за дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања не е пропишано во Закон за земјоделство и рурален развој.

По однос на коментар во точка 7 одговорот е следен
Одбивањето на финансиската поддршка е дефинирана според ЕУ легислативите Артицле 19 од ЕУ регулатион Но 640/2014. Коментарот се одбива.

По однос на коментар во точка 8 одговорот е следен
Коментарот се одбива не се однесува на Законот, кога ќе се прават измени во подзаконските акти Вашиот коментар ќе биде земен во обзир.

28.12.2020 Стојан Гацов

Почитувани,

Согласно работната група која е формирана за изменување и дополнување на Законот за земјоделски задруги, во прилог ви ги праќам коментарите во врска со членот 74.
Прикачен документ на коментарот 90_ID_na_ZZRR_clen_74_final_28122020545707250.docx
<< < 1 2 > >>