Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог закон за Академија за судии и јавни обвинители

Министерство за правда
06.05.2019
Закон
Отворен
Со предлог Законот за Академија за судии и јавни обвинители се врши негово усогласување со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и препораките дадени од страна на релевантните меѓународни институции
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

30.05.2019 Сашо Темелкоски

Сашо Темелкоски - Претседател на Здружение на судска администрација

Во однос на Предлог Законот за Академија нза судии и јавни обвинители, Здружението на судска администрација на Република Северна Македонија укажува на потребата да се вреднува професионалното искуство на постојните судски соработници во судовите. Во таа смисла се предлага дополнување на одредбата од чл.34 на следниот начин.
Член 34-а
Кандидатите судски службеници и јавно обвинителски службеници кои имаат непрекинато работно искуство во суд или јавно обвинителство над 5-пет години, на приемниот испит не полагат квалификациски тест од примниот испит.Бодовите предвидени за овој тест на кандидатите од став 1 овој член на крајниотквалификационен резултат им се пресметуват како максимално освоени.
Член 34-б
Кандидатите од судски службеници и јавно обвинителски службеници кои имаат непрекинато работно искуство во суд или јавно обвинителство над 10-десет години, на приемниот испит не полагат квалификациски тест и практичен испит од примниот испит.Бодовите предвидени за овие тестови на кандидатите од став 1 овој член им се пресметуват Како максимално освоените.
Ваквите допонувања би повлекле измена и во одредбата од чл.55 ст.2 на начин што се предлага намалување на времетраењето на почетната обука за кандидатите од чл.34-а и 34-б, се со единствена цел на судовите да им се стави на располагање високостручен кадар (дел од стручните судски службеници се со стекнати магистерски и докторски звања).Ова е една и од причините зошто сметаме дека минималниот работен стаж на кандидатите треба да биде 5 (пет) години.
По однос на алтернативите во предлог законот, укажуваме дека алтернативата во чл.31 ст.1 е подобра солуција но алтернативата во чл.31 ст.5 е спротивна на уставното начело секое работно место да биде достапнона секој.

Со почит,

17.05.2019 Миа Ангелова

Почитувани,

Каде е член 57 од законот за Академија на судии и јавни обвинители објавен во Службен весник бр. 231 од 31.12.2015 година - Услови за прием во почетната обука кој гласи ... да е дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование ВИИ/И степен на правни студии со просек од најмалку 7,0 или дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) со просек од најмалку 7,0 на универзитетските студии... ИЛИ ПРОСЕКОТ КАЈ СУДИИТЕ И ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НЕ ВАЖИ ТУКУ САМО ЗА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ каде се додаде и просекот од додипломски студии да биде 8,00.

Во една изјава бившата Минитерката за образование изјави -Како може некој без просек да предава... е па Министерке како може некој без просек да биде судија или јавен обвинител...

Како што во најновит закон за Академја на јавни обвинители и судии во чл.30 имате вметнато искуство од две години додадете и во ЗВО.

ПРОСЕКОТ НЕ Е МЕРИЛО ЗА КВАЛИТЕТОТ

14.05.2019 Миа Ангелова

Почитувани, каде е ПРОСЕКОТ ОД НАЈМАЛКУ 7,00 кој се бараше како услов за прием во почетна обука во Академијата ( чл.2 од законот од 2015 година објавен во Службен весник бр. 231 од 31.12.2015 година).... или просекот од 8.00 се бара само во ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ...

Како што сте го отфрлиле просекот во Законот за Академија за судии и јавни обвинители така сметам дека истото треба да се случи и во Законот за високо образование.

Знам дека овде треба да се коментира законот за Академија за судии и јавни обвинители но навистина не е во ред кај судиите и јавните обвинители да го отфрлите просекот, а во ЗВО да го оставите?

Бившата министерка за образование, а сега за правда Рената Десковска во една изјава вели- Како може кандидат кој нема просек 8,00 да ги учи студентите... е па почитувана министерке Дескоска како може кандидат без просек дури 7,00 да им суди на луѓето.

Во врска со Законот за високо образование - сметам дека просекот воопшто не би требало да се земе во предвид, бидејќи кандидатот веќе стекнал научен степен доктор. Што доколку кандидатот ИМА ВЕЌЕ работно искуство во високото образование и од одредени причини се повлекол па еве сега сака повторно да конкурира за во настава во високото образование....Дали кандидатот со ПРОСЕК 8,00 на додипломски студии е поадекватен и стручен од бивши асистент, професор и т.н. и неговото долгогодишно искуство, студиски престои, конференции, предавања и проекти не се мерило за неговиот квалитет, туку само просекот и 5те научни труда.
<< < 1 2 > >>