Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог закон за Попис на населението,домаќинствата и становите во Рпублика Македонија, 2020 година

КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

15.12.2018 Александар Мурговиќ

Почитувани,

Моето мислење е дека на пописот треба да има и ставка за припадност на етничка заедница.

Доколку се изостави тогаш може да дојде до психосоматски нарушувања кај граѓаните на Република Македонија поради неможнист за задоволување на основни екстерни социјални потреби за самоизразување ( за изразување на идентитетот) и самопотврдување со што ке се создаде простор за нови внатрепсихички тензии кои можат да резултираат со нарушување и на интерните (несоцијални) мотиви за ред, независност и други, а со тоа и нарушување на мир и поредок во државата.

Со почит,
Александар Мурговиќ

15.12.2018 Оливера Доцевска

Член 10 став 1 , да се дополни со точка (алинеа) 8 – “Етнички карактеристики”
Дефиниција: Етничка група или етничка припадност е социјално дефинирана категорија на луѓе кои се идентификуваат едни со други врз основа на заеднички предци и национални, социјални или културни сличности.
Етничката припадност на населението ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА БИДЕ дел од агрегирани податоци на пописот бидејки податоци за потребите и проблемите кои се рефлектираат во само-определувањето, идентитетот, културата, историјата и јазикот и социјалните услови кои се содржани во етносот се круцијални за основните човекови права и слободи, а јазикот понекогаш не го одразува етносот.
Податоците само за јазиците кои се говорат нема да дадат вистинита слика на фактичката состојба во Република Македонија и се лажно претставување на податоци одоносно нема да ја знаеме вистинската слика за степенот и облиците на загрозеноста на економските, социјалните културните, политичките и граѓанските права во рамките на етничките групи во руралните и урбаните средини, што повторно доведува до релативизација на правдата, правото и човековите права и слободи
како и дероргирање на Универзална декларација за човекови права и слободи, Меѓународен пакт за граѓански и полиитчки права и слободи, Меѓународен пакт за економски социјални и културни права и слободи на кои Македонија е потписничка и ги ратифукувала согласно член 118 од Уставот, ускратување на правото на само-определување на секоја индивидуа и непочитување на препораките до Република Македонија на Комитетот за економски социјални и културни права на Обединети нации од 2014 година.

Прикачен документ на коментарот 282_Dopolnuvanje_Zakon_za_popis1834790084.docx

15.12.2018 Оливера Доцевска

Член 10 став 1 , да се дополни со точка (алинеа) 8 – “Етнички карактеристики”
Дефиниција: Етничка група или етничка припадност е социјално дефинирана категорија на луѓе кои се идентификуваат едни со други врз основа на заеднички предци и национални, социјални или културни сличности.
Етничката припадност на населението ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА БИДЕ дел од агрегирани податоци на пописот бидејки податоци за потребите и проблемите кои се рефлектираат во само-определувањето, идентитетот, културата, историјата и јазикот и социјалните услови кои се содржани во етносот се круцијални за основните човекови права и слободи, а јазикот понекогаш не го одразува етносот.
Податоците само за јазиците кои се говорат нема да дадат вистинита слика на фактичката состојба во Република Македонија и се лажно претставување на податоци одоносно нема да ја знаеме вистинската слика за степенот и облиците на загрозеноста на економските, социјалните културните, политичките и граѓанските права во рамките на етничките групи во руралните и урбаните средини, што повторно доведува до релативизација на правдата, правото и човековите права и слободи
како и дероргирање на Универзална декларација за човекови права и слободи, Меѓународен пакт за граѓански и полиитчки права и слободи, Меѓународен пакт за економски социјални и културни права и слободи на кои Македонија е потписничка и ги ратифукувала согласно член 118 од Уставот, ускратување на правото на само-определување на секоја индивидуа и непочитување на препораките до Република Македонија на Комитетот за економски социјални и културни права на Обединети нации од 2014 година.
<< < 1 > >>