Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Министерство за правда
06.12.2017
Закон
Отворен
Од денот на примената на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/15) со кој беа предвидени нови услови за избор на Директор, членови на Управниот одбор и Програмски совет на Академијата, се уште не е извршен нов избор на овие органи согласно предвидените законски услови. Имено, по истекот на мандатот на претходно именуваните директор, членови на Управниот одбор и Програмскиот совет на Академијата согласно условите од Законот за Академија за обука на судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/2010, 166/12 и 26/13), истите се уште ги извршуваат нивните надлежности, иако немаат мандат. Со ова се доведува во прашање легитимноста и функционирањето на Академијата, односно примената на законот. Иако поминале повеќе години, предвидените органи сеуште не можат да се формираат и да функционираат.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

11.02.2018 Елена Георгиевска

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) го разгледа предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители објавен на 22 јануари 2018 година на Единствениот национален регистар на прописи на РМ и во однос на истиот ги дава следните коментари односно предлози.
1. Во условите кои членовите или замениците на членовите на Управниот одбор на Академијата од редот на судиите и јавните обвинители треба да ги исполнат, потребно е да се додаде услов кој ќе гарантира висока стручност на лицата кои ќе ја вршат оваа одговорна функција (Чл. 2 од предлогот на законот).
Предложениот модел за избор на членови или заменици на членови на Управниот одбор како единствен услов кој се однесува на стручноста на кандидатите го предвидува нивниот работен стаж како судии или јавни обвинители (пет години). Имајќи ја во предвид надлежноста на Управниот одбор на Академијата како орган кој ја креира политиката на работа на Академијата, ги избира Комисиите, утврдува програма за работа на Предлог на програмскиот совет и врши други важни и одговорни функции потребно е да се уреди законски услов кој ќе обезбеди стручност на кандидатите на оваа функција. Како услов кој кандидатот треба да го исполнува може да се искористи резултатот од оценувањето кое го спроведуваат Судскиот совет односно Советот на јавни обвинители. За членови или заменици на членовите на Управниот одбор да се избираат единствено судии и јавни обвинители кои имаат највисоки оцени во нивното работење.
2. Членот 57 од Законот за академија за судии и јавни обвинители воспоставува дополнителен услов за кандидатите за почетна обука кои имаат завршено четиригодишно високо образование ВИИ/И степен на правни судии (по т.н стара програма) кој Законот за судови не го предвидува.
Свесни дека оваа измена на ЗАСЈО е фокусирана само во однос на статусните одредби од Законот кои ги уредуваат условите за вршење на раководните, управните и програмските функции на Академија, сепак би сакале да укажеме на една недоследност која ја има ЗАСЈО, а која треба во идна реформа која ќе го опфати и начинот на спроведување на почетната обука задолжително да биде спроведена.
Членот 57 од ЗАСЈО ги уредува условите за прием во почетна обука. Еден од условите за прием е кандидатот да е „дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование ВИИ/И степен на правни судии со просек од најмалку 8.0 и посдипломски студии со просек од најмалку осум...“. Според оваа одредба, правиците кои имаат дипломирано по т.н стара програма со четири години студии, за да се запишат на почетна обука на Академијата, мора да имаат завршено и постипломски студии.
За разлика од ЗАСЈО, Законот за судовите како органски закон кој ги уредува општите и посебните услови за избор на судија, како општ услов за избор на судија предвидува кандидатот да е само „дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование ВИИ/И степен со просек од најмалку осум...“ . Овој закон не бара од правниците кои имаат дипломирано по т.н стара програма да имаат завршено постдипломски студии.
Со ваквото решение членот 57 од ЗАСЈО како закон донесен со обично мнозинство на поинаков начин уредува услов кој е уреден со закон донесен со двотретинско мнозинство. Минималното ниво на образование кое треба да го имаат идните судии е општ услов кој е предмет на уредување на системскиот Закон за судови. Како општ услов тој треба да се однесува за сите новоизбрани судии независно од видот на судот во кој судијата е избран. Дополнителните услови, покрај општите, за избор во судија можат да се предвидат само како посебни услови и тоа со Законот за судовите. ЗАСЈО воспоставува нов услов, кој не е предвиден во ЗС и спротивно на истиот ги става во нееднаква и понеповолна положба правниците кои имаат дипломирано по стара програма.

06.02.2018 Саше Ник

Измените и дополн.на Законот покрај другото, треба да бидат и во насока на промена на дел од условите за запишување на академијата. Имено, се вели дека кандидатот треба да има просек од 7 или 8.00 и притоа во дел од условите е наведено дека треба да работи 5 години во ЈО, судство или адвокат. Дел од ова има логика ,дел не од причина што просекот на факултет не игра ама баш никаква улога со оглед на тоа што во иднина кандидатот има положено правосуден, и има долгогодишно работно искуство на правни работи. Која улога ја игра просекот на пр. на човек од 40-45 години кој пред 20 години завршил факултет а притоа 15 години работи на правни работи и стекнал огромно искуство и знаење? Или обратно, некој со просек 9 или 10 положува правосуден, има 2 години раб.искуство и може да се запише на Академија со 28-29 години?
Која е споредбата со искуството на човекот од 40,45,50 години и 28,29? Резултатот е дека младиот со 28 може да се запише а некој со 40,45 години, зрел возрасен искусен правник не може само заради тоа што не работел во суд, обвинителство или не бил адвокат, а знаеме како може некој да се вработи во нашето судство или обвинителство (прво треба да стажираш 5 години па сплет на околности да станеш државен службеник или стручен соработник).
Затоа мислам идните измени на законот треба да оди кон тоа да им се даде шанса на сите правници со положен правосуден и раб.искус од 5 години на правни работи (без ограничувања за суд или адвока или во ОЈО) да имаат можност да полагаат прелиминарен испит, па тука ќе се видат нивните знаења и можности.
Благодарам
<< < 1 > >>