Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот

Министерство за правда
29.08.2017
Закон
Затворен
- Сложена и неспроведлива постапка за спроведување на конкурс за именување на нотари и полагање на квалификационен испит, испит за рангирање, испит за заменик-нотар, испит за помошник-нотар, испит за нотарски стручен соработник и испит за проверка на знаењата на нотарите - Скапа и неефикасна оставинска постапка, како и неекономични постапки за потврдување на приватни исправи и предлози за издавање на решенија за нотарски платни налози
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

04.12.2017 Ана Синадинова

Ве молам да ги објавите сите коментари кои беа пратени во времето допуштено за коментирање. Благодарам

03.12.2017 Кузман Костадинов

Во Службен весник бр. 72/2016 година беа објавени новите Закон за нотаријат и Закон за извршување кои започнаа да се применуваат од 01.01.2017 година. Сосема оправдано, уште веднаш голема реакција во јавноста предизвикаа наметнатите ограничувања на субјектите лично или кај правните лица преку правниците кои се во редовен работен однос да бидат застапувани во одредени постапки кои се водат пред нотарите или извршителите, а за сметка на тоа беше предвидено задолжително застапување од страна на адвокат.

Со Законот за нотаријат беа извршени значителни промени во солемнизирањето на приватни исправи со вредност над 10.000 евра, во начинот на издавање на нотарски платни налози и во спроведувањето на оставинската постапка. Законот за нотаријат предвидува приватната исправа со кои се врши пренос на право на сопственост на недвижност, задолжително да биде составена од адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис доколку се работи за правна работа со вредност над 10.000 евра, освен доколку една од странките е Република Македонија. Другото решение во Законот за нотаријат се однесува на задолжително присуство на адвокат во својство на полномошник на секој од учесниците при расправањето на оставината. Во постапката за издавање на нотарски платен налог сите процесни дејствија (предлог, приговор, жалба итн) се ексклузивно право на адвокатите, што претставува невиден преседан во досегашното функционирање на правниот систем како во државата, така и во регионот. Поштедени од оваа дискриминација се само државата, банките, штедилниците, финансиските друштва, давателите на финансиски лизинг и осигурителните компании.

Овие новини предизвикаа лавина реакции во пошироката јавност поради неоснованото ограничување за лично застапување во наведените постапки. Негативни реакции и најостри осуди на овие контраверзни одредби стигнуваа и од стручната јавност и стопанските субјекти.

Она што е посебно за потенцирање е дека и Европската комисија во годишниот извештај за Р. Македонија на многу директен начин го критикуваше донесувањето на Законот за нотаријат, и настранувањето од патот кон европското право и стандарди, па меѓу другото напомена дека „ПОЛИТИЧКАТА ВОЛЈА Е ПОТРЕБНА ЗА РЕФОРМИТЕ ДА ТРГНАТ ВО ПРАВИЛНА НАСОКА“.

Според одредбата од чл.81 од Законот за парничната постапка (ЗПП) полномошник на странката може да бидеЧ 1) адвокат, 2) лице - дипломиран правник кое со странката е во работен однос и 3) роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен. За да биде неконзистентноста уште поголема законодавецот пропишал и во Законот за нотаријат во постапките за издавање на нотарски платен налог и во Законот за извршување при спроведување на извршувањето, ЗПП да се применува супсидирено. Само за потсетување ЗПП е еден од законите за кој е предвидено двотретинско мнозинство за негово донесување и се однесува на споровите за основните права и обврски на човекот и граѓанинот, за личните и семејните односи на граѓаните како што се работните, трговските, имотните и другите граѓанско-правни спорови. Што значи ЗПП се применува во најсложените лични, семејни, работни, трговски, имотни и други граѓанско-правни спорови.

Повеќе од јасно и сосема најприродно правото на полномошник е право, а не обврска. Странките можат да преземаат дејствија во постапката лично или преку полномошници.

Изборот е само нивни.

Само за потсетување до 2010 година постапката за издавање на платни налози беше судска постапка регулирана со ЗПП, но поради едноставноста на постапката и растоварување на судовите од овие предмети кои се многубројни, а кои се засноваат на веродостојни исправи беа пренесени во надлежност на нотарите. Целта на законодавецот тогаш беше поедноставување и зголемување на ефиканоста во овие постапки. Но, последното законско решение и насилното наметнување на задолжителното застапување од страна на адвокати во овие постапки, се чини дека освен зголемување на работата на адвокатите за едноставни, но и многубројни предмети нема друга цел. За сметка на зголемување на работата на адвокатите странките во овие постапки се должни да издвојат повеќе финансиски средства за награда на адвокатите. Претходно, странките имаа можност да ангажираат адвокат во овие случаи, но само ако почуствуваа потреба за тоа. Правото на избор беше нивно.
Сега можноста за учество во овие постапки лично и непосредно е целосно исклучено и резервирано исклучиво за адвокатите, притоа во целост занемарувајќи ја процесната и деловната способност на странките.

Со наведените одредби се нарушува еднаквата правна положба на сите субјекти на пазарот а и преку дополнителното зголемување на трошоците (во постапките за издавање на нотарски платни налози и солемнизација) неосновано значително се отежнува и патот до правдата. Во повластена положба се ставаат адвокатите пред сите други правници, иако со ист степен на образование, завршен правен факултет, положен правосуден испит. Голем дел од компаниите во државата ги имаат ангажирано и најдобрите правници, значител дел од нив и доктори на науки, кои сега неосновано се дискриминирани.
Законските решенија донесени од македонскиот законодавец преку насилното внесување на задолжителното застапување од страна на адвокатите во овие постапки, зголемувањето на трошоците, нарушувањето на начинот на функционирање на компаниите, очигледната дискриминација која се врши врз вработените правници во компаниите итн. само се на штета на граѓаните и на компаниите. Ваквите одредби само го кочат развојот на бизнисот и имаат директни последици врз непреченото и олесното функционирање на економскиот живот. Поради наведените причини, овие одредби место да имаат позитивен одраз, тие негативно ќе се одразат врз реалното остварување на слободите и правата. Бидејќи правната помош е предуслов за остварување скоро на сите слободи и права, со овие законски одредби истовремено на индиректен начин се врши ограничување и на другите права и слободи на граѓаните. Од наведените причини кои се повеќе од оправдани, ургентно потребно е овие избрзани, очигледно насилно донесени законски одредби да бидат преиспитани и ставени вон сила преку реакција на законодавецот.

Колку побрзо се реагира, и се тргне обврската за задолжително застапување од адвокати при солемнизација на договори со вредност над 10.000 евра, апсуртното задолжително составување на предлог за нотарски налог, приговор итн, како и задолжителното застапување во оставинскта постапка, толку штетните последици кои се веќе видливи ќе бидат помали.

02.12.2017 Кузман Костадинов

Кратка споредба на македонската проадвокатска “креативност“ во Законот за нотаријат и она на Европската Унија.
Сегашните решенија од Законот за нотаријат се во целосна спротивност со законодавството на Европската Унија, кое согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација имаме обврска да го усогласиме.
Така согласно чл.24 од Регулативата бр 1896/2006 од Европскиот парламент и Советот за воведување на постапка за европски платен налог од 12.12.2006 година предвидено е дека застапувањето од страна на адвокат или други правни стручњаци НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО.
Дури се изработени и посебни обрасци на пријави за платен налог, со цел максимално да се упрости и онака едноставната постапка за издавање на платен налог.

Во преамбулата на Регулативата јасно е наведено дека целта на уредбата е правилно функционирање на внатрешниот пазар (точка 1), отстранување на пречките за добро функционирање на парничните постапки (точка 2), потребата од брза ефикасна наплата на неподмирените долгови имајќи во предвид дека задоцнетото плаќање на долговите е причина за неликвидност која се заканува на опстанувањето на компаниите, посебно на малите и средните а за последица има и губење на многу работни места (точка 6), настојување да се реши проблемот со масовната наплата на неспорните побарување (точка 7).

Регулативата треба да ја поедностави, забрза постапката со што помалку трошоци во однос на неспорните парични побарувања притоа дефинирајќи минимални стандарди !

И согласно член 1 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија од една страна и Европските заедници и нивните земји членки од друга страна, целта на асоцијацијата е подржување на напорите на Република Македонија за развој и економската и меѓународната соработка и усогласување на законодавството со она на Заедницата. Индиректна применливост на изворите на правото на Европската унија е изведена од членот 118 став (1) од Спогодбата за стабилизација и асоцијација каде се предвидува должност за договорните страни да „преземат какви било (што би значело сите) општи или специфични мерки потребни за исполнување на обврските од Спогодбата“, како и да „обезбедат остварување на целите на оваа Спогодба“.
Решенијата во Законот за нотаријат за задолжително вклучување на адвокатот во изработката на нотарските налози, ниту го олесни функционирањето на пазарот, ниту ја подобри наплатата на неспорните побарувања. Единствено што направи е што наметна дополнителни трошоци, ја направи правдата подалечна, ги дискриминираше вработени правници, ги направи сите без деловна и процесна способност, исклучиво во корист на адвокатите со кои власта во одреден општествено политички момент требаше да биде блиска. А цената на тоа беше што им се даде максимална слобода да го силуваат правото во нивни лукративни цели.

Враќањето на старите решенија каде нема да биде задолжително вклучувањето на адвокатите во постапките пред нотарите ќе биде најправедното решение кое едновремено ќе биде и усогласено со правото на ЕУ.
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>