Министерство за финансии
12.06.2015
Закон
Отворен
Потребата за изготвување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност (''Службен весник на Република Македонија'' број 44/99, 86/99, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14 и 15/15), произлегува од потребата да се дорегулира прометот на добра во и од слободните зони, како и оданочувањето при прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободните зони. Исто така се врши допрецизирање на даночниот третман на прометите во постапките за извршување и присилна наплата согласно Законот за извршување и Законот за даночна постапка. Понатаму се предлага да се продолжи рокот за враќање на платениот данок на додадена вредност од страна на странски дипломатски или конзуларни претставништва и од меѓународни организации, така што Барањето за враќање се поднесува најдоцна во рок од 5 години по истекот на календарската година во која е извршен прометот кон подносителот на барањето. Истовремено се предлага пролонгирање на рокот за уште три години во однос на примената на повластена стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок од пет години по изградбата.