Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК


1. Општи одредби


Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира. ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка. ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање на граѓаните на РМ, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството. Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.


2. Регистрација и управување со кориснички профил


Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.


За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕРе валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.


Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка.


Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:
- МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
- администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
- МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.


Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.


3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР


Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.


МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.


Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.


Ако од било која причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.


Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.


4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР


Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.


ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.


Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на РМ, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.


Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.


5. Завршни одредби


Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ENER

Предлог на Закон за лицата без регулиран граѓански статус

Надлежно регулаторно тело/институција:

Министерство за труд и социјална политика

Датум на објава:

03/06/2019

Вид на пропис:

Закон

Статус:

Отворен

Краток опис:

Со овој Закон се уредува начинот на прибирање и евиденција на личните податоци за лицата без регулиран граѓански статус, видот на податоците што се евидентираат, постапката (начинот) за стекнување својство на лице со посебен граѓански статус за лица без регулиран граѓански статус и дополнителниот упис на овие лица во матичната книга на родените согласно закон.

коментари

КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

Преостанато време за коментирање:

Милица Илиеска

13/06/2019

Коментари на Закон за лица без регулиран статус
1. Во Насловот на Законот предлагаме измена и Законот да носи наслов: ЗАКОН ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ЛИЦАТА БЕЗ ГРАЃАНСКИ СТАТУС.

2. Член 1 – после зборот начинот да се додаде зборовите: и постапката и после зборот евидентираат: да се избрише: постапката (начинот) за стекнување својство на лице со посебен граѓански статус за лица без регулиран граѓански статус.
Новиот Член 1 да гласи: Со овој Закон се уредува начинот и постапката на прибирање и евиденција на личните податоци за лицата без регулиран граѓански статус, видот на податоците што се евидентираат и дополнителниот упис на овие лица во матичната книга на родените согласно закон.

3. Член 2 – Да се промени целта на законот и да гласи: Цел на овој закон е да се регулира статусот на лицата без регулиран граѓански статус и да се стекнат со прв извод на родени.

4. Член 3 – Во точка 3 после зборот која да се додаде зборчето времено и се заменува зборот посебен со зборот времен. Точка 4 – да се замени и да стои: . „Лице во постапка за стекнување на граѓански статус“ е лице кое е запишано во посебна матична книга на родените на кого е започната постапката за остварување на правото за регулиран граѓански статус.

5. Член 4 – Во продолжение на 01,11,2018 година да се додаде: или дополнително се идентификуваницирани дополнително од страна на органите на Република Северна Македонија во постапка утврдена со овој Закон.

6. Глава II – На почетокот да се додаде: Постапка за

7. Да се избрише насловот: Јавен повик за собирање на податоци

8. Член 5 – Точка 2 Да се додаде името на Јавниот повик: Јавниот повик за прибирање на податоци за лица – нерегистрирани во матична книга на родени и името на веб страната: (https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/javen_povik.pdf .

9. Член 5 – Точка 4 – став 4 да се додаде: Доколку лице без регулиуран граѓански статус не е во состојба да даде некои од горе споменатите податоци, а воедно и неможе со документ да докаже, тогаш овластеното лице користи изјава од двајца сведоци нотарски заверена, потврда и списи од надлежни институции за докажување на податоците.

10. Насловот на глава III. Да се промени и да гласи: СТЕКНУВАЊЕ НА СТАТУС ЛИЦЕ ВО ПОСТАПКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ СТАТУС

11. Целосно да се избриши наловот пред член 7,

12. Член 7 – на крајот од реченицата да се ибришат зборовите: Лице со посебен граѓански статус а да се додаде: Лице во постапка за стекнување на граѓанси статус.

13. Да се избрише насловот: Посебен извод на родени, пред членот 8.

14. Член 8 целосно се бриши и се преуредува и гласи:
Член 8
(1) Овластено лице (опишано во Член 6 став 5) врз основа на решението од член 7 на овој закон, врши упис на лицето во Посебна матична книга на родените (Член 3, став 3) од овој Закон.
(2) По уписот од став (1) на овој член, на лицето му се издава ВРЕМЕН ИЗВОД од матичната книга за лице во постапка за стекнување на граѓански статус .
(3) Времениот извод од став 2 на овој член содржи:
- Фотографија од лицето, со димензија 3 цм x 3,5 цм, со бела позадина, не постара од шест месеци, залепена горе на левиот агол од документот.
- регистарски број за лице во постапка за стекнување на граѓански статус и
- лични податоци од член 5 став 4 од овој закон.
- регистарски број кој содржи 13 цифри групирани во 3 групи и тоа:
I група: ден, месец и година на пополнување на прашалникот (8 цифри),
II група: број на општина во која е пополнет прашалникот (3 цифри),
III група: реден број на пополнување на прашалникот (2 цифри).
Адресата на лице во постапка за стекнување на граѓански статус која се определува согласно нивниот исказ кој што е внесен во регистарот за лице во постапка за стекнување на граѓански статус. Доколку лицата немаат пријавено адреса на живеење се евидентира адресата на Центарот за социјални работи во местото на живеење.
(4) Формата и содржината на Посебната матична книга на родените и Времениот извод од посебна матична книга го пропишува Министерот за правда.
(5) Времениот извод на родени важи до исполнување на условите за дополнителниот упис во матичната книга на родени согласно закон, но не повеќе од 1 календарска година од моментот на добивањето на овој извод.
(6) Регистарски број на лице во постапка за стекнување на граѓански статус го има истото значење како единствениот матичен број на граѓанинот при остварување на правото за образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно закон.

15. Член 9 – се брише и се преуредува со следните точки:
Член 9
(1) Министерството за внатрешни работи, врз основа на времениот извод на родени од член 8 став (2) од овој закон, на лицето во постапка за стекнување на граѓански статус му издава идентификациона исправа, која не е во биометриска форма со рок на важење од 1 година.
(2) Идентификациона исправа од став (1) на овој член задолжително го содржи (Член 8 Став 6) Регистарски број на лице во постапка за стекнување на граѓански статус.
(3) За издадењето на идентификациона исправа се известува Управата за водење на матични книги.
(4) Формата и содржината на идентификациона исправа за лица со посебен граѓански статус ја пропишува Министерот кој ги врши работите од областа на внатрешните работи.
(5) Идентификациона исправа од став (1) од овој член се издава најдоцна во рок од 30 дена од денот на доставувањето на посебниот извод на родените.
16. Да се додаде нова глава со наслов: VI. ИЗМЕНИ ЗА УСОГЛАСУВАЊА СО ОСТАНАТИ ЗАКОНИ И ПРОПИСИ и точки:
(1) Со овој Закон се усогласува Законот за матична евиденција;
Условите за стекнување на статус лице во постапка за стекнување на граѓански статус се надоградуваат во истиот.
(2) Се надоградува Законот за управна постапка;
Да се воспостават јасни процедури и рокови за обработка на писмена и административна комуникација од лица без документи.
(3) Законот за семејство;
Воведување на еднаквост на половите (мајката / таткото) при пријавување за децата за регистрација во матична книга на родени.
(4) Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните;
Според законот, граѓаните мора да регистрираат правно признаена адреса и доказ за сопственост на сопственост за да добијат. Ова претставува сериозна пречка за луѓето кои живеат во неформални населби. Без валиден престој, лицата кои живеат во неформални населби не можат да добијат документација за идентификација и не можат да ги пријават раѓањата на нивните деца.

16. Член 12 – после зборот статус и, да се избрише зборот Посебна а после зборовите родените за: лицата без регулиран граѓански статус.

17. Глава VII – Да се избрише зборот: Надзор а да се додаде: Следење на имплементација

18. Член 13 – Да се избрише и да се преурди и да гласи: Следењето на имплементацијата над овој закон врши Министерството за правда а инспекциски надзор го врши Државниот Управен инспекторат.

19. Член 14 – став 2 да се избриши а да се додаде нов кој гласи: - на лицето не му издаде ВРЕМЕН ИЗВОД од матичната книга за лице во постапка за стекнување на граѓански статус согласно овој закон (член 8 став 2).

20. Член 14 – став 3, да се избришат зборовите лична карта и наместо нив да се додадат зборовите: Идентификациона исправа,

21. Пред Членот 15 – да се избрише насловот: Прекршочен налог

22. Да се следи бројот на членови и наместо 17 да биде Член 16.

23. Член 19 - да се измени во Член 17, да се избриши после зборот применува: три месеци а да се додаде 2 годени.

Министерство за труд и социјална политика

19/06/2019

Почитувани,
одговорите на Вашите коментари по однос на Нацрт текстот на Закон за лицата без регулиран граѓански статус се прикачени.

Прикачен документ на одговор 350_Одговори_за_коментари_-_Закон_за_лица_без_документ305058059.doc

Самет Скендери

11/06/2019

ЗАКОН ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ЛИЦАТА БЕЗ РЕГУЛИРАН ГРАЃАНСКИ СТАТУС
Со овој Закон се уредува начинот и постапката на прибирање и евиденција на личните податоци за лицата без регулиран граѓански статус, видот на податоците што се евидентираат и дополнителниот упис на овие лица во матичната книга на родените согласно закон.
Член 2
Цел на овој закон е да се регулира статусот на лицата без регулиран граѓански статус и да се стекнат со прв извод на родени.
Член 3
Одредени изрази употребени во овој закон, го имаат следново значењеЧ
1. „Лице без регулиран граѓански статус” е лице кое живее на територија на Република Северна Македонија и/или е родено на територијата на Република Северна Македонија, не е запишано во матична книга на родени и нема својство на странец со регулиран престој.
2. „Регистар за лица без регулиран граѓански статус” е пропишана евиденција во електронска форма за привремено запишување на податоци на лица без регулиран граѓански статус согласно овој закон.
3. „Посебна матична книга на родените” е книга на родените во која времено се внесуваат податоци за лицата со утврден времен граѓански статус и врз основа на која се издава посебен извод од матична книга на родените за овие лица со времен карактер.
4. „Лице во постапка за стекнување на граѓански статус“ е лице кое е запишано во посебна матична книга на родените на кого е започната постапката за остварување на правото за регулиран граѓански статус.
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ
Член 4
Овој Закон се применува на лица кои живеат и/или се родени на територијата на Република Северна Македонија не се запишани во матична книга на родени согласно закон и немаат својство на странец со регулиран престој а се евидентирани согласно Јавниот повик објавен од 01.04.2018 до 01.11.2018 година или дополнително се идентификувани од страна на органите на Република Северна Македонија во постапка утврдена со овој Закон.
Овој закон се применува и на лицата за кои е во тек постапка за дополнителен упис во матична книга на родени пред објавување на Јавниот повик и децата кои се родени по завршувањето на јавниот повик а не исполнуваат услови за запишување во матична книга на родените согласно закон.

ИИ. ПОСТАПКА ЗА ПРИБИРАЊЕ И ВНЕСУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ВО РЕГИСТАР
Член 5
(2) Јавниот повик за прибирање на податоци за лица – нерегистрирани во матична книга на родени од од став (1) на овој член е објавен на веб (хттпсЧ//њњњ.увмк.гов.мк/филес/пдф/јавен_повик.пдф да се провери називот) страната на Управата за водење на матичните книги и Министерството за труд и социјална политика.
4. Доколку лице без регулиуран граѓански статус не е во состојба да даде некои од горе споменатите податоци, а воедно и неможе со документ да докаже, тогаш овластеното лице користи изјава од двајца сведоци нотарски заверена, потврда и списи од надлежни институции за докажување на податоците.
ИИИ. СТЕКНУВАЊЕ НА СТАТУС ЛИЦЕ ВО ПОСТАПКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ СТАТУС
Член 7
Овластеното лице врз основа на податоците внесени во Регистарот од член 6 став (2) од овој закон, донесува Решение со кое на лицето без регулиуран граѓански статус се определува својство на ЛИЦЕ ВО ПОСТАПКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ СТАТУС.
Член 8
(1) Овластено лице (опишано во Член 6 став 5) врз основа на решението од член 7 на овој закон, врши упис на лицето во Посебна матична книга на родените (Член 3, став 3) од овој Закон.
(2) По уписот од став (1) на овој член, на лицето му се издава ВРЕМЕН ИЗВОД од матичната книга за лице во постапка за стекнување на граѓански статус .
(3) Времениот извод од став 2 на овој член содржиЧ
- Фотографија од лицето, со димензија 3 цм џ 3,5 цм, со бела позадина, не постара од шест месеци, залепена горе на левиот агол од документот.
- регистарски број за лице во постапка за стекнување на граѓански статус и
- лични податоци од член 5 став 4 од овој закон.
- регистарски број кој содржи 13 цифри групирани во 3 групи и тоаЧ
И групаЧ ден, месец и година на пополнување на прашалникот (8 цифри),
ИИ групаЧ број на општина во која е пополнет прашалникот (3 цифри),
ИИИ групаЧ реден број на пополнување на прашалникот (2 цифри).
Адресата на лице во постапка за стекнување на граѓански статус која се определува согласно нивниот исказ кој што е внесен во регистарот за лице во постапка за стекнување на граѓански статус. Доколку лицата немаат пријавено адреса на живеење се евидентира адресата на Центарот за социјални работи во местото на живеење.
(4) Формата и содржината на Посебната матична книга на родените и Времениот извод од посебна матична книга го пропишува Министерот за правда.
(5) Времениот извод на родени важи до исполнување на условите за дополнителниот упис во матичната книга на родени согласно закон, но не повеќе од 1 календарска година од моментот на добивањето на овој извод.
(6) Регистарски број на лице во постапка за стекнување на граѓански статус го има истото значење како единствениот матичен број на граѓанинот при остварување на правото за образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно закон.
Член 9
(1) Министерството за внатрешни работи, врз основа на времениот извод на родени од член 8 став (2) од овој закон, на лицето во постапка за стекнување на граѓански статус му издава идентификациона исправа, која не е во биометриска форма со рок на важење од 1 година.
(2) Идентификациона исправа од став (1) на овој член задолжително го содржи (Член 8 Став 6) Регистарски број на лице во постапка за стекнување на граѓански статус.
(3) За издадењето на идентификациона исправа се известува Управата за водење на матични книги.
(4) Формата и содржината на идентификациона исправа за лица со посебен граѓански статус ја пропишува Министерот кој ги врши работите од областа на внатрешните работи.
(5) Идентификациона исправа од став (1) од овој член се издава најдоцна во рок од 30 дена од денот на доставувањето на посебниот извод на родените.
ВИ. ИЗМЕНИ ЗА УСОГЛАСУВАЊА СО ОСТАНАТИ ЗАКОНИ И ПРОПИСИ
(1) Со овој Закон се усогласува Законот за матична евиденција
(2) Се надоградува Законот за управна постапка
(3) Законот за семејство
(4) Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните
ВИИ. СЛЕДЕЊЕ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
Член 13
Следењето на имплементацијата над овој закон врши Министерството за правда а инспекциски надзор го врши Државниот Управен инспекторат.
ВИИИ ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 14
(1) Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластено службено лице доколкуЧ
- податоци од Јавниот повик не ги внесе во Регистарот во рокот предвиден со овој закон. (член 6 став 3)
- на лицето не му издаде ВРЕМЕН ИЗВОД од матичната книга за лице во постапка за стекнување на граѓански статус согласно овој закон (член 8 став 2)
- не издаде Идентификациона исправа согласно овој закон.(член 9)

ВИИ. СЛЕДЕЊЕ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
Член 13
Следењето на имплементацијата над овој закон врши Министерството за правда а инспекциски надзор го врши Државниот Управен инспекторат.
ВИИИ ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 14
(1) Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластено службено лице доколкуЧ
- податоци од Јавниот повик не ги внесе во Регистарот во рокот предвиден со овој закон. (член 6 став 3)
- на лицето не му издаде ВРЕМЕН ИЗВОД од матичната книга за лице во постапка за стекнување на граѓански статус согласно овој закон (член 8 став 2)
- не издаде Идентификациона исправа согласно овој закон.(член 9)
- не ја продолжи постапката согласно овој закон (член 11)
(2) Надлежен орган за изрекување на прекршочни санкции по ставот (1) од овој член е надлежен суд.
Член 15
(1) За прекршоците од член 14 на овој закон, надлежниот инспекциски орган, на сторителот на прекршокот му издава прекршочен платен налог согласно Законот за прекршоците.
Законот да трае 2 години од денот на домесување.
Прикачен документ на коментарот 340_Komentari_na_Zakon_za_licata_bez_graganski_status_912654552.docx
<< < 1 2 > >>
Број на посети на сајтот: 2153212
Моментално присутни корисници: 67