Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК


1. Општи одредби


Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира. ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка. ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање на граѓаните на РМ, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството. Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.


2. Регистрација и управување со кориснички профил


Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.


За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕРе валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.


Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка.


Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:
- МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
- администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
- МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.


Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.


3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР


Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.


МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.


Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.


Ако од било која причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.


Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.


4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР


Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.


ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.


Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на РМ, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.


Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.


5. Завршни одредби


Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ENER

Прописи

Подрачја:

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > УСТАВНО УРЕДУВАЊЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ДРЖАВНА УПРАВА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ПРАВОСУДСТВО > СУДОВИ, СУДСКИ ПОСТАПКИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ПРАВОСУДСТВО > ЈАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ПРАВОСУДСТВО > АДВОКАТУРА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ПРАВОСУДСТВО > НОТАРИЈАТ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ПРАВОСУДСТВО > РЕПУБЛИЧКИ СУДСКИ СОВЕТ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ОПШТИ ПРОПИСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ПРАВА И СЛОБОДИ НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ОПШТИ ПРОПИСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ИНДУСТРИЈА И ЕНЕРГЕТИКА

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > РУДАРСТВО И ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ГРАДЕЖНИШТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ВЕТЕРИНАРСТВО - СТОЧАРСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ШУМАРСТВО - ЛОВСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ВОДОСТОПАНСТВО - РИБАРСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > СООБРАЌАЈ И ВРСКИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ТРГОВИЈА И ЦЕНИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ЗАНАЕТЧИСТВО И ЛИЧНИ УСЛУГИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ИНДУСТРИСКА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ, МЕТРОЛОГИЈА, СТАНДАРДИЗАЦИЈА, АКРЕДИТАЦИЈА, ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДИТЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > ОПШТИ ПРОПИСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > ПАРИЧЕН СИСТЕМ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > ИНВЕСТИЦИОНИ ФОНДОВИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > ИНВЕСТИЦИИ, ЗАЕМИ И КРЕДИТИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > СТОПАНСКИ НЕДОВОЛНО РАЗВИЕНИ ПОДРАЧЈА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > СРЕДСТВА НА СОЛИДАРНОСТА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > ДАНОЦИ, ПРИДОНЕСИ И САМОПРИДОНЕСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ФИНАНСИИ, СМЕТКОВОДСТВО > ТАКСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ПЛАТЕН ПРОМЕТ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТИ И ЛИЦА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ИГРИ НА СРЕЌА

ПРАВНА ОБЛАСТ > СОПСТВЕНОСТ И ДРУГИ ИМОТНО - ПРАВНИ ОДНОСИ > ИМОТНО - ПРАВНИ ОДНОСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СОПСТВЕНОСТ И ДРУГИ ИМОТНО - ПРАВНИ ОДНОСИ > ИМОТНО - ПРАВНИ ОДНОСИ НА ДРЖАВЈАНИ НА РМ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СОПСТВЕНОСТ И ДРУГИ ИМОТНО - ПРАВНИ ОДНОСИ > ИМОТНО - ПРАВНИ ОДНОСИ НА СТРАНЦИ ВО РМ

ПРАВНА ОБЛАСТ > КАТАСТАР НА ЗЕМЈИШТЕТО - НЕДВИЖНОСТИТЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > РАБОТНИ ОДНОСИ > ОПШТИ ПРОПИСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > РАБОТНИ ОДНОСИ > КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > РАБОТНИ ОДНОСИ > ВРАБОТУВАЊЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > РАБОТНИ ОДНОСИ > ПЛАТИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > РАБОТНИ ОДНОСИ > ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > ЗАЕДНИЧКИ ПРОПИСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > ОБРАЗОВАНИЕ И ВОСПИТАНИЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > НАУКА И ИНФОРМАТИКА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > КУЛТУРА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > СПОРТ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

ПРАВНА ОБЛАСТ > УРБАНИЗАМ, СТАНБЕНИ И КОМУНАЛНИ РАБОТИ > УРБАНИЗАМ

ПРАВНА ОБЛАСТ > УРБАНИЗАМ, СТАНБЕНИ И КОМУНАЛНИ РАБОТИ > СТАНБЕНИ ОДНОСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > УРБАНИЗАМ, СТАНБЕНИ И КОМУНАЛНИ РАБОТИ > ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

ПРАВНА ОБЛАСТ > УРБАНИЗАМ, СТАНБЕНИ И КОМУНАЛНИ РАБОТИ > КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТАТИСТИКА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОДБРАНА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОДНОСИ И СОРАБОТКА СО СТРАНСТВО > РЕГУЛИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ И СОРАБОТКА СО СТРАНСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОДНОСИ И СОРАБОТКА СО СТРАНСТВО > ПОЛИТИЧКИ ОДНОСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОДНОСИ И СОРАБОТКА СО СТРАНСТВО > ДИПЛОМАТСКО - КОНЗУЛАРНИ ОДНОСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОДНОСИ И СОРАБОТКА СО СТРАНСТВО > ГРАНИЦА, ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ И ПОГРАНИЧНИ ЗОНИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОДНОСИ И СОРАБОТКА СО СТРАНСТВО > ЦАРИНА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОДНОСИ И СОРАБОТКА СО СТРАНСТВО > НАДВОРЕШНО - ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ОДНОСИ И СОРАБОТКА СО СТРАНСТВО > СТРАНСКИ ВЛОЖУВАЊА И КРЕДИТНИ ОДНОСИ СО СТРАНСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > МЕЃУНАРОДНИ АКТИ > МУЛТИЛАТЕРАЛНИ АКТИ, ЧЛЕНСТВО ВО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > МЕЃУНАРОДНИ АКТИ > БИЛАТЕРАЛНИ АКТИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДЕКЛАРАЦИИ, ЗАЕДНИЧКИ ПОЗИЦИИ И ДЕМАРШИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА КОН КОИ СЕ ПРИДРУЖУВА - ПРИФАЌА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПОКАНА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

ПРАВНА ОБЛАСТ > РЕЗОЛУЦИИ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ СО КОИ СЕ ВОВЕДУВА, ИЗМЕНУВА ИЛИ УКИНУВА РЕЖИМ НА САНКЦИИ ПРОТИВ ДРЖАВИ, ЕНТИТЕТИ ИЛИ ПОЕДИНЦИ

    
27/06/2018 Закон за јавниот интерес во културата
<< < 1 > >>
Број на посети на сајтот: 1555218
Моментално присутни корисници: 65