Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК


1. Општи одредби


Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира. ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка. ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање на граѓаните на РМ, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството. Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.


2. Регистрација и управување со кориснички профил


Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.


За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕРе валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.


Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка.


Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:
- МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
- администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
- МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.


Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.


3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР


Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.


МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.


Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.


Ако од било која причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.


Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.


4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР


Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.


ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.


Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на РМ, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.


Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.


5. Завршни одредби


Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ENER

Прописи

Подрачја:

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > СООБРАЌАЈ И ВРСКИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > СТОПАНСТВО > ОПШТИ ПРОПИСИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > НАУКА И ИНФОРМАТИКА

ПРАВНА ОБЛАСТ > ЈАВНИ СЛУЖБИ > ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ДРЖАВНА УПРАВА

    
05/06/2019 Закон за електронските комуникации
    
05/06/2019 Закон за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18, 21/18 и 98/19) Повеќе
24/11/2017 Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации Повеќе
29/09/2017 ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ Повеќе
05/05/2015 ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ - консолидиран текст Повеќе
29/12/2014 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации Повеќе
17/10/2014 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации Повеќе
08/01/2014 Закон за електронските комуникации Повеќе
22/03/2013 Закон за електронските комуникации Повеќе
21/09/2012 Закон за електронски комуникации Повеќе
19/07/2012 ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ Повеќе
29/06/2010 Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации Повеќе
17/06/2010 Одлука за одобрување на годишниот финансиски план на Агенцијата за електронски комуникации за 2010 година Повеќе
08/04/2010 Одлука за одобрување на финансиски план на Јавно претпријатие Макдонска радио-телевизија за редовно и инвестициони активности наменет за емитување на активностите на Собранието на РМ за 2010 година Повеќе
07/04/2010 Одлука за давање согласност за почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите,како еднократен надоместок за добивање на одобрение за користење на радиофрекфенции во опсег 3,4-3,6 Ghz (WiMax) Повеќе
01/04/2010 Правилник за утврдување на методот на пресметување на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и серии на броеви од планот на нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија Повеќе
29/01/2010 План за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија Повеќе
29/01/2010 Правилник за доделување на броеви и серии на броеви од планот на нумерација Повеќе
29/01/2010 Правилник за содржината и формата на нотификација, потребната документација и потврдата за регистрација Повеќе
22/01/2010 Одлука за распишување на јавен тендер за доделување на 2(две)одобренија за користење на радиофрекфенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G) Повеќе
22/01/2010 Одлука за распишување на јавен тендер за доделување на одобрение за користење за радиофреквенции од радиофрекфенцискиот опсег 1800-1805 MHZ Повеќе
<< < 1 2 3 > >>
Број на посети на сајтот: 2153272
Моментално присутни корисници: 63