Назив на папка
:
Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
Краток опис на проблемот
:
Примената на постојниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, донесен во 2012 година заради декриминализација на клеветата и навредата, покажа одредени слабости и недостатоци кои е потребно да бидат надминати. За таа цел, беше ангажиран домашен експерт кој подготви анализа на судската пракса во Република Северна Македонија и на наодите од претходни експерти, во која точно се детектираат прашањата кои треба дополнително да бидат регулирани, одредени решенија изменети, следејќи ја и компаративната анализа на системите.
Цел на предлог законот
:
Донесувањето на предложениот закон ќе создаде можност за измена на Законот во насока на вградување на препораките и наодите од домашните и странските експерти, надминување на констатираните состојби од анализата, оценските мисии, како и усогласување на законот со меѓународните стандарди. Со оваа активност, ќе се овозможи реализацијата на стратешката насока 5.4.1 и стратешката мерка 5.4.1-6 согласно Акцискиот план на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
14.10.2020 - 31.12.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
cabinet@mjustice.gov.mk,nprokopenko@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
nikola.prokopenko@mjustice.gov.mk
Други информации
:
/