Назив на папка
:
Закон за платниот промет
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување на Законот за платниот промет
Краток опис на проблемот
:
Со постојните одредби од Законот за платниот промет е утврдено дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка, меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг можат да го вршат до 31.12.2015 година. Имајќи предвид, дека од 1 јануари 2016 година престанува можноста за плаќање со пресметка од страна на субјектите кои имаат блокирана сметка, а да не се зададе дополнителен товар на стопанството се оцени дека е неопходно примената на наведената одредба да се одложи за две години.
Имајќи го во предвид горенаведеното, се оцени дека е неопходно да се изврши изменување на Законот за платниот промет.
Цел на предлог законот
:
Основната цел поради која се предлага овој Закон е одложeна примена на одредбата од членот 25 став (1) од Законот за две години, со што учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка меѓусебните парични побарувања и обврски ќе можат да ги плаќаат со пресметка до 31.12.2017 година.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
15.09.2015 - 25.09.2015
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
marina.stanojkova@finance.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
marina.stanojkova@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
lence.tagasovska@finance.gov.mk
Други информации
:
Нема