Назив на папка
:
Закон за заштита на природата
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата
Краток опис на проблемот
:
Со предложениот текст се уредуваат условите за именување на директорите на националните паркови. Имено, се брише психолошкиот тест како услов бидејќи иако е често користена алатка, во државата не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар за да развијат соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција. Понатаму се менува условот за определено лице да биде вработено како државен инспектор при што скапите меѓународно признати сертификати за работа со компјутерски програми за канцелариско работење кои досега оневозможуваа вработување на управни иснпектори, се заменуваат со услов познавање на работа со компјутерски програми, со што ќе може да се приложи при аплицирање и сертификат издаден од домашни правни лица. Исто така се овозможува кандидатите за директори одложено да го исполнат условот за познавање на странски јазик во рок една година од именувањето.
Цел на предлог законот
:
Целта на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за заштота на природата е уредување на условите за именување на директорите со што ќе се одблокираат пречките за вработување на стручни лица од соодветната област, произлезени од неисполниви услови поради недостаток од средства и соодветни кадри.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
31.08.2017 - 30.09.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
j.ivanova@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Јадранка Иванова
Други информации
:
Нема.