Назив на папка
:
Закон за државната статистика
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика
Краток опис на проблемот
:
Државниот завод за статистика согласно Законот за државната статистика е Координатор на статистичкиот систем на земјата. Со Предлог-законот се предвидува формирање на Координативно тело на Националниот статистички систем, кое ќе биде составено од претставници на Државниот завод за статистика и овластените носители на статистички истражувања. Исто така, се планира и усогласување на Законот во однос на структурата на Советот за статистика од аспект на поголемо вклучување на претставници на корисниците во Советот.
Цел на предлог законот
:
Имплементација на препораките од спроведеното Партнерско оценување на националниот статистички систем во февруари 2017 година, со посебен акцент на Државниот завод за статистика, спроведено од експерти ангажирани од Евростат. Со Предлог - законот се предвидува зајакнување на координативната улога на заводот преку формирање на посебно тело, како и проширување на составот на Советот за статистика со цел поголемо вклучување на претставници на корисниците.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.03.2018 - 25.03.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ana.nikolova@finance.gov.mk
slobodan.malevski@stat.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ана Николова
Други информации
:
/