Назив на папка
:
Закон за медијација
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог Закон за медијација
Краток опис на проблемот
:
Сложениот и несоодветен испит за медијатори влијаеше на малиот број на лиценцирани медијатори, поради што доцнеше и процесот на формирањето на Комората на лиценцираните медијатори. Одборот за медијација имаше проблем во неговата функционалност и извршување на обврските и надлежностите утврдени со законот. Медијацијата не е доволно промовирана и унапредена иако заради развојот и подршка на медијацијата во законот е предвидено дека Владата на РМ донесува Програма со мерки и средства за поддршка на медијацијата за период од најмалку 4 години, а посебни програми донесуваат и Судскиот совет на РМ и Врховниот суд на РМ , додека пак Алкадемијата за судии и обвинители е пасивна за организирање обуки за медијацијата и арбитражата.
Цел на предлог законот
:
Уредување на подрачјето на примена на медијацијата, воведување на основни поими, уредување на начелата и постапката за медијација, пропишување медијација во прекугранични спорови, регулирање на трошоците и наградата на медијаторите, уредување на подршката и развојот на медијацијата, дефинирање на постапката за спроведување испит за медијатори, подобрување на организацијата на Комората на медијатори , уредување на постапката за добивање на лиценца и важноста на лиценцата
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.06.2018 - 31.07.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
cabinet@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
slavica.velkoska@mjustice.gov.mk
Други информации
:
\