Назив на папка
:
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН за контрола на надворешно-трговскиот промет со одредени стоки кои може да се користат за смртна казна, тортура или друго сурово, нечовечно или деградирачко однесување или казна
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН за контрола на надворешно-трговскиот промет со одредени стоки кои може да се користат за смртна казна, тортура или друго сурово, нечовечно или деградирачко однесување или казна
Краток опис на проблемот
:
Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 30 – Надворешни односи предвидено е усогласување со ЕУ Регулативата бр.2019/125 на Советот од 16 јануари 2019 година во однос на трговија со одредени стоки кои може да се користат за смртна казна, тортура или друго сурово, нечовечно или деградирачко однесување или казна
Со транспонирање на оваа Регулатива во законодавството на РСМ ќе се уредат условите и начинот за вршење увоз и извоз на стоки кои може да се користат за целите на извршување смртна казна, или за целите на тортура, или друго сурово, нечовечно, или понижувачко постапување, или казнување, обезбедувањето посреднички услуги, техничка помош, обука и рекламирање поврзани со таквите стоки.
Цел на предлог законот
:
Целта на предлог законот е регулирање на надворешно трговскиот режим на овој тип стоки, кој што, покрај Царинската управа на Република Македонија, ќе ја спроведува и Министерството за економија како надлежен орган.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.01.2019 - 30.04.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.economy.gov.mk
https://ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ilir.sabani@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Илир Шабани, Раководител на сектор за меѓународна трговска соработка тел. 3093 470
ilir.sabani@economy.gov.mk
Други информации
:
Со цел да се добијат сознанија за опфатот и начинот на имплементација на оваа Регулатива, во други земји, беа консултирани одредени законски решенија од законодавствата на други држави кои веќе се членки на ЕУ (Хрватска) и земји со кои веќе се отпочнати пристапните преговори (Република Црна Гора).