Назив на папка
:
Закон за лекарска дејност
Назив на министерство
:
Министерство за здравство
Назив на предлог прописот
:
Предлог-закон за лекарска дејност
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12... 20/19) е уредена и материјата поврзана со здравствените работници со високо образование од областа на медицината, издавањето, обновувањето, продолжувањето и одземањето на лиценците за работа, статусот на Лекарската комора на Република Северна Македонија и нејзините јавни овластувања во постапките за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците и вршењето на стручниот надзор над работата на здравствените работници. Оваа материја е уредена заедно со здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата и недостасуваат одредени специфики во однос на вршењето на докторската дејност. Уредени се и одделни прашања поврзани со правата и обврските на докторите на медицина. Лекарската комора во повеќе наврати иницира вршењето на докторската дејност да се уреди во посебен закон, за да се уреди во целина материјата поврзана со вршењето на докторската дејност.
Цел на предлог законот
:
- да се уредат условите и начинот на вршење на докторската дејност
- правата и должностите на докторите на медицина во вршењето на докторската дејност
- вршењето на јавните овластувања на Комората
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
14.05.2019 - 20.05.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
vesna.nasteska@zdravstvo.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Весна Настеска
Други информации
:
Нема