Назив на папка
:
Закон за заштита на укажувачи
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за заштита на укажувачи
Краток опис на проблемот
:
Спроведените анализи за оценка на спроведувањето и степенот на усогласеноста на националното законодавство со меѓународните стандарди во областа Заштита на укажувачи покажуваат дека во националното законодавство веќе се вградени клучните меѓународни стандарди во областа, но и укажуваат дека се потребни измени во насока на надминување на идентификувани недостатоци кои може да придонесат за незадоволително ниво на спроведување, особено имајќи предвид дека Законот за заштита на укажувачи е донесен пред усвојувањето на ЕУ Директивата 2019/1937 (најнов стандард во областа).
Цел на предлог законот
:
Надминување на идентификувани недостатоци и недоследности во одредени одредби, кои може да придонесат за незадоволително ниво на спроведување на Законот за заштита на укажувачи; - Усогласување со ЕУ Директивата 2019/1937.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.06.2022 - 01.11.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
http://www.pravda.gov.mk, cabinet@mjustice.gov.mk, mpsorabotka@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
tanja.kikerekova@mjustice.gov.mk
Други информации
:
Годишни извештаи на ДКСК (за годините од 2019 година) (Види поглавја посветени на Законот за заштита на укажувачи); Регионална гап-анализа спроведена во рамки на проект на РАИ: извадок, целосна публикација (на англиски јазик); ЕУ Директива 2019/1937 (на англиски јазик); Вашиот интерес за вклучување на процесот, пријавете го по е-пошта на адреса: mpsorabotka@mjustice.gov.mk