Назив на папка
:
ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА
Назив на министерство
:
Министерство за здравство
Назив на предлог прописот
:
ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за здравствената заштита е уредено, покрај другото, раководењето со јавните здравствени установи. Со член 105 е предвидено во јавна здравствена установа - здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт се именуваат двајца директори и тоа организациски директор и медицински директор кои се одговорни за работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет во согласност со надлежностите утврдени со овој или друг закон, подзаконските прописи и менаџерскиот договор.
Досегашното искуство во примената покажа низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори заради несоработка на лицата кои беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица.
Цел на предлог законот
:
- да се воспостави поефикасно и поефективно организирање на работата во установите со организациска поставеност во која лицето именувано за директор ќе биде одговорно за работата на установата и
- да се намалат трошоците поврзани со платите и другите трошоци за работење во јавните здравствени установи- здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
14.08.2017 - 29.08.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ЕНЕР
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
angelina.bacanovik@zdravstvo.gov.mk
dejan.nikolovski@zdravstvo.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ангелина Бачановиќ
Други информации
:
/