Назив на папка
:
Закон за нус-производи од животинско потекло
Назив на министерство
:
Агенција за храна и ветеринарство
Назив на предлог прописот
:
Закон за нуспроизводи од животинско потекло
Краток опис на проблемот
:
Со Закон за нуспроизводи од животинско потекло се уредува категоризацијата, собирањето, идентификација, транспортот, отстранувањето, преработката, употребата и складирањето на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати од аспект на здравствената заштита на животните, безбедност на храната и безбедност на храната за животни.
Во новиот Закон за нуспроизводи од животинско потекло ќе тренспонира, односно ќе се направи усогласување со Регулатива (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и на Советот од 21 октомври 2009 година утврдување на здравствени правила за нуспроизводи од животинско потекло и изведени производи кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002.
Цел на предлог законот
:
Со законот ќе се овозможи ставање во промет и во определени специфични случаи извоз, увоз и транзит на нуспроизводите од животинско потекло и на одделни производи добиени од нив и ќе се оневозможи собирањето, превозот, складирањето, манупулирањето, преработката и употребата или отстранувањето на нуспроизводите од животинско потекло да претставува ризик за здравјето на животните или луѓето.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
02.01.2017 - 28.02.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Агенција за храна и ветеринарство
ул. III Македонска бригада бр. 20, Скопје
info@fva.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
М-р Зоран Поповски, директор на Агенција за храна и ветеринарство
Други информации
:
Закон за нуспроизводи од животинско потекло