Назив на папка
:
Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори
Краток опис на проблемот
:
При анализа на состојбата со управување со отпадот во Република Македонија, особено со управувањето со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори беше увидено дека при управување со овој тек на отпад е остварено делумно исполнување на националните цели за собирање и преработка на отпадот, пропишани во Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.
Цел на предлог законот
:
Главна цел во пристапувањето на измените на законот е разграничување на одговорностите помеѓу чинителите во постапувањето со отпадот од батерии и акумулатори, воспоставување на ефикасен систем за управување со овој тек на отпад со кој ќе се овозможи постигнување на целите утврдени во законот на ефикасен начин, како и минимизирање на негативните влијанија од отпадот од батерии и акумулатори преку искористување на корисните компоненти со воспоставување на поцврста соработка помеѓу колективните постапувачи, МЖСПП и ЕЛС
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
02.03.2018 - 31.07.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
www.moepp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Сектор за управување со отпад
Јадранка Иванова, раководител на Сектор за ЕУ
Други информации
:
/