Назив на папка
:
Закон за производство и промет на вооружување и воена опрема
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за развој,производство и промет на воени стоки
Краток опис на проблемот
:
Во насока на уредувањена на Директивите и Заедничката позиција на Европскиот парламент и Советот на ЕУ има потреба од изменување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема кој се рефлектира и на називот на законот кој ќе гласи Закон за развој, производство и промет на воени стоки. Со овој закон се уредуваат услови што во досегашниот закон не беше регулирано а истите се усогласуваат критериумите утврдени во Директивите и Заедничката позиција на Европскиот парламент и Советот на ЕУ и тоа:
- утврдување на дефиниции и термини кои се употребуваат за функционалност на законот,
- обврски на министерствата и на другите органи на државната управа,
- услови за вршењето на развој,
- издавање сертификати на трговски друштва,
- обврски на трговските друштва и трговци поединци,
- заштитата и безбедноста на развојот, производството и прометот и
- соработка со индустрискиот сектор,
Цел на предлог законот
:
Целта на Предлог законот е да се разјасни, поедностави и подобри регулаторната рамка во оваа област и да се справи со новите случувања и предизвици.Предлогот ќе содржи измени на клучните концепти за контрола на извозот со цел да се одразат новите реалности,ќе ги зајакнува брокерските и транзитните контроли и ги проширува контролите на ризик од злоупотреба за терористички дела и повреди на човековите права.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
16.03.2018 - 30.04.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
vlado.stojanov@economy.gov.mk
marija.pavlova@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Владо Стојанов, раководител на одделение
vlado.stojanov@economy.gov.mk
Други информации
:
/