Назив на папка
:
Закон за договорен залог
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на
Законот за договорен залог
Краток опис на проблемот
:
Во Република Македонија пазарот на корпоративни обврзници не е доволно развиен(има само две трговски друштва што имаат издадено корпоративни обврзници).Со цел да се зголеми заинтересираноста кај фирмите за издавање на корпоративни обврзници потребно е истите да бидат атрактивни за инвеститорите но и да му обезбедат сигурност на инвеститорот дека ќе биде исплатен навремено. Покрај другото, како проблем во целата постапка за издавање на корпоративни обврзници обезбедени со имот е и запишувањето на тој имот во заложен регостар врз основа на претходно склучен Договор за залог, кој пак е уреден во Законот за договорен залог. Согласно позитивните прописи, договорот за залог се склучува помеѓу две познати страни, доверител од една страна(купувач на обврзница) и должник од друга страна(издавач на обврзница). Поради фактот што сопствениците на обврзници може да се менуваат на дневна основа (а во Законот за договорен залог стои дека договорот се склучува само меѓу две познати страни), потребно е да се овозможи на страната на доверителите како склучувач на договор да се јави заеднички застапник кој во име на имателите на обврзници ќе го потпише договорот за залог.Во ваква ситуација кога постои неможност имателите на обврзниците да бидат исплатени од страна на издавачот, заедничкиот застапник ќе ја отпочне постапката за активирање на залогот.
Цел на предлог законот
:
Обезбедување на можноста заеднички застапник на имателите на обврзници да може да се јави во улога на потписник на Договорот за залог.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
18.09.2015 - 23.09.2015
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.pravda.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
esednica@mjustice.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
daniela.angelovska@mjustice.gov.mk
Други информации
:
Консултации