Назив на папка
:
Закон за минимална плата во Република Македонија
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија
Краток опис на проблемот
:
Потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија се наметна поради покачување на нивото на минималната плата и исплата на минимална плата на исто ниво за сите вработени Во предлогот на Законот дадени се решенија со кои се предвидува начинот на пресметка на минималната плата во случаи кога работникот работи со полно работно време, скратено работно време и со работно време повеќе од полното. Утврдена е висината на минималната плата во бруто износ, периодот на усогласување и начинот на усогласување. Со нов член е пропишано дека од Буџетот на РМ ќе се обезбедува финансиска помош за периодто септември 2017 година до февруари 2018 година и тоа од 500 денари до 2000 денари во зависност од висината на исплатената месечна нето плата на работникот во периодот јануари - март 2017 година. За периодот март –август 2018 година, помошта ќе изнесува 50%.
Цел на предлог законот
:
Утврдена е потреба за исплата на иста висина на минимална плата заради задоволување на основните животни потреби, и обезбедување на финансиска помош на работодавачите кои исплатувале понизок износ на минималната.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
27.06.2017 - 27.07.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener@mioa.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
maleksevska@mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Мирјанка Алексевска maleksevska@mtsp.gov.mk
Други информации
:
/