Назив на папка
:
Закон за превоз во патниот сообраќај
Назив на министерство
:
Министерство за транспорт и врски
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување на Законот превоз во патниот сообраќај
Краток опис на проблемот
:
Лиценца од членот 7 став 1 точки 1 и 2 од овој закон, може да добие домашно правно или физичко лице односно превозник, кој покрај останатите услови треба да има и вработено авто - такси возачи во зависност од бројот на возила кои ги поседува минимум еден возач по возило, и истите да поседуваат меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2 според Заедничката европска рефентна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа;
Цел на предлог законот
:
Цел на Предлог законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај е бришење на условот за поседување на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2 според Заедничката европска рефентна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа, кој се однесува за авто – такси возачи.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
15.12.2017 - 10.01.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
mtc.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
mtc.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
ljupco.jovanovski@mtc.gov.mk
Други информации
:
/