Назив на папка
:
Закон за безбедност на производите
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за општа безбедност на производите
Краток опис на проблемот
:
Предлог на законот преставува сегмент од хоризонталната правна рамка вклучувајќи ја Република Северна Македонија во тековите на единствениот внатрешен пазар на Европската унија со воспоставување на механизми кои овозможуваат високо ниво на заштита на потрошувачите и другите корисници на производите што се пласираат на пазарот. Со овој закон се уредува општата безбедност на производите кои се пуштаат во промет, критериумите за оценување на сообразноста на производите со општите барања за безбедност, обврските на производителот и на дистрибутерот, условите за информирање и размена на информации во врска со ризиците што од производот произлегуваат за здравјето и безбедноста на потрошувачите и на другите корисници како и вршењето надзор.
Цел на предлог законот
:
Целта на Предлог на законот е унапредување на економијата, а со тоа на потрошувачот ќе му се овозможи поголем избор на производи кои се усогласени со општите барања за безбедност во согласност со пропишаните критериуми и стандарди преку целосно и доследно усогласување со Директива 2001/95/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 3 декември 2001 за општа безбедност на производите.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
03.06.2019 - 31.08.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
sonja.misic@economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
neriman.dzeladini@economy.gov.mk
sonja.misic@economy.gov.mk
adisa.fazlioska@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Нериман Џеладини
Други информации
:
Нема