Назив на папка
:
Закон за управување со отпадот
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Закон за управување со отпадот
Краток опис на проблемот
:
Со донесувањето на нов закон за управување со отпад ќе се овозможи воспоставување на функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено ќе се затворат сите нестандардни депонии и ѓубришта. Воедно, ќе се овозможи регионално собирање, транспорт, селектирање, рециклирање на отпад, како и третман и искористување, со што ќе се зголеми степенот на заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина, а сето тоа ќе биде чекор напред кон овозможување на циркуларна економија за овој сектор.
Цел на предлог законот
:
Овозможување подобра контрола врз животната средина од активностите во областа на управувањето со отпадот преку намалување на депонирањето, односно намалени количини на отстранет отпад, а зголемување на преработката и рециклирањето на отпадот, зголемување на вработеноста во индустријата за отпад и обезбедување на поврзан пораст на приходите и БДП-то развивање на циркуларна економија со што ќе се овозможи поголема искористенот на ресурсите, апроксимација на националното законодавство со европоското.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.01.2019 - 30.06.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
www.moepp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ана Каранфилова Мазневска
Други информации
:
/