Назив на папка
:
Закон за вршење на услуги брз трансфер на пари
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари
Краток опис на проблемот
:
Управата за јавни приходи го спроведува проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните”. Имплементацијата на овој проект предвидува Управата за јавни приходи да изготвува пополнета даночна пријава за секој даночен обврзник, врз основа на податоците со кои располага за остварените приходи на даночните обврзници. Согласно постојното законско решение, Управата за јавни приходи не располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари бидејќи давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите немаат обврска да доставуваат податоци за трансакциите на брз трансфер на пари до Управата за јавни приходи.
Цел на предлог законот
:
Измените и дополнувањата на Законот имаат за цел утврдување на обврска за давателите на услуга брз трансфер на пари да доставуваат месечни извештаи за поединечните трансакции на трансфер на пари, покрај до Народната банка на Република Македонија и до Управата за јавни приходи. На тој начин, Управата за јавни приходи ќе располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
20.12.2017 - 15.01.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ivana.jovic@finance.gov.mk
ivan.nedev@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ивана Јовиќ,
Иван Недев
Други информации
:
/