Назив на папка
:
Закон за возила
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила.
Краток опис на проблемот
:
Во рамките на Законот за возила се уредени овластувањата на правното лице кое врши технички преглед на возилата и тоа заЧ идентификација на возилата, идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, прегледи на возила по посебни барања и редовни и вонредни технички прегледи.
Правните лица кои вршат технички преглед на возилата, за да добијат овластување за да вршат прегледи на возилата и да вршат идентификација и идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, потребно е претходно нивнот стручен кадар да е обучен и да има положени испити за оспособеност. Стручните испити се полагаат пред комисии формирани од министерот за внатрешни работи и министерот за економија.
Направените измени во Законот за возила се со цел квалитетна проверка на знаењата и стручната оспособеност на кандидатите кои полагаа испит.
Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за возила е усогласување со Законот за правосудниот испит.
Цел на предлог законот
:
Со воведување на измените во Законот за правосудниот испит во значителна мерка ќе се подобрат условите и начинот на спроведување на постапката за полагање на испитот со што ќе се добие во квалитет на проверка на знаењата и стручната оспособеност на кандидатите кои полагаа испит.
Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за возила е усогласување со Законот за правосудниот испит.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
10.09.2015 - 11.09.2015
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
neriman.dzeladini@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Нериман Џеладини, Раководител на сектор за внатрешен пазар
Други информации
:
Согласно одржаната седница на генералниот клегиум одржана на 26.08.2015 година, на која е укажано дека треба да се дефинираат Предлог-законите кои треба да се усогласат со изменувањето и дополнувањето на Законот за правосуден испит (утврден на 97-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 19.08.2015 година), изработен е Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 и 154/15), во согласност со новиот Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за правосудниот испит („Службен весник на Република Македонија“ бр.137/13 и ХХ/15).