Назив на папка
:
Закон за прекршоците
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците
Краток опис на проблемот
:
При вршење на задолжителното усогласување на посебните закони од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците, во делот на глобите се наметна драстично намалување на постојните глоби поради поставените утврдени максимални вредности, а нивно зголемување не е возможно. Предвидените глоби во Законот за прекршоците се несоодветни за штетата која се создава со сторување на прекршоците од областа животна средина. Поради ова, во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија поднесена во Собранието при изборот на Владата на РСМ за 2020 – 2024 година е предвидено зголемување на казните во областа на животната средина
Цел на предлог законот
:
Донесувањето на предложениот закон ќе создаде можност за измена на материјалните закони од областа на животната средина во кои ќе бидат пропишани повисоки глоби за сторителите на прекршоци од оваа област. Повисоките глоби (соодветни на причинетата штета) се очекува да ги спречат сторителите во вршење на ваквите видови прекршоци.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
28.09.2020 - 31.10.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
cabinet@mjustice.gov.mk,atosevska@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
teuta.berisha@mjustice.gov.mk
Други информации
:
/