Назив на папка
:
Закон за управување со пакување и отпад од пакување
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за измени и дополнување на Законот за пакување и отпад од пакување
Краток опис на проблемот
:
При анализа на состојбата со управување со отпадот од пакување во Република Македонија беше увидено дека е постигнато делумно исполнување на националните цели за собирање и преработка на отпадот од пакување, пропишано во Законот за управување со пакувања и отпад од пакување.
Цел на предлог законот
:
Главна цел во пристапувањето на измена на законот е разграничување на одговорностите помеѓу чинителите во постапувањето со отпадот пакување, воспоставување на ефикасен систем за управување со овој тек на отпад со кој ќе се овозможи постигнување на целите утврдени во законот на ефикасен начин, како и минимизирање на негативните влијанија од отпадот пакување преку искористување на корисните компоненти со воспоставување на поцврста соработка помеѓу колективните постапувачи, МЖСПП и единиците на локалната самоуправа, како и граѓаните.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
02.03.2018 - 31.07.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
www.moepp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Сектор за управување со отпад
Јадранка Иванова, раководител на Сектор за ЕУ
Други информации
:
/