Назив на папка
:
Закон за безбедност на мрежи и информациски системи
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Закон за безбедност на мрежи и информациски системи
Краток опис на проблемот
:
Мрежата и информациските системи, а пред сè интернетот, играат суштинска улога во олеснувањето на прекуграничното движење на стоки, услуги и луѓе. Поради таа транснационална природа, значителни нарушувања на овие системи, без разлика дали се намерни или ненамерни и без оглед каде се случуваат, може да влијаат и врз Република Северна Македонија. Затоа, безбедноста на мрежните и информациските системи е од суштинско значење за непречено функционирање на внатрешниот пазар. Имајќи предвид дека во Република Северна Македонија отсуствува правна регулатива во оваа област, се наметна потребата за изготвување на овој закон. Дополнително, со истиот се транспонира Директивата (ЕУ) 2016/1148 на Европскиот парламент и на Советот од 6 јули 2016 година во однос на мерки за висок општ степен на безбедност на мрежа и информациски системи низ Унијата, односно НИС Директивата.
Цел на предлог законот
:
Ефикасно справување со предизвиците на безбедноста на мрежите и информациските системи во Република Македонија, во смисла на заеднички минимални капацитети за градење и планирање, размена на информации, соработка и заеднички безбедносни барања од областа на ИКТ.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
20.02.2019 - 10.03.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
www.mioa.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ana.malceva@mioa.gov.mk
elena.manceva@mioa.gov.mk
solza.kovachevska@mioa.gov.mk
sandra.anastasovska@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ана Малцева
Солза Ковачевска
Елена Манчева
Други информации
:
/