Назив на папка
:
Закон за заштита на правата на пациентите
Назив на министерство
:
Министерство за здравство
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите
Краток опис на проблемот
:
Да се вклучи попреченоста како основа за дискриминација во „Законот за заштита на правата на пациентите“ согласно препораката број 45 а од Извештајот на Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост од 2018 година. Проширениот опфат на законите против дискриминација и на рамките за човекови права доведе до поширока заштита на правата на лицата со попреченост во многу држави. Еднаква и ефективна правна заштита од дискриминација значи дека државите членки имаат позитивни обврски да ги заштитат лицата со попреченост од дискриминација преку обврската да усвојат посебно и сеопфатно антидискриминаторско законодавство. Изричната законска забрана на дискриминација врз лицата со попреченост во законот треба да биде придружена со обезбедување на соодветни и ефективни правни лекови и санкции.
Цел на предлог законот
:
Да се вклучи попреченоста како основа за дискриминација во „Законот за заштита на правата на пациентите“ согласно препораката број 45 а од Извештајот на Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост од 2018 година.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
07.02.2019 - 18.02.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
mihajlo.kostovski@zdravstvo.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Михајло Костовски
Други информации
:
-