Назив на папка
:
Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување
Назив на министерство
:
Министерство за здравство
Назив на предлог прописот
:
Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување
Краток опис на проблемот
:
Со законот е утврдено дека Листата на лекови ја утврдуваат 14 стручни комисии, формирани од Владата на Република Македонија. Ова законско решение во праксата се покажа како гломазно, широко поставено и неприменливо.
Со Законот е утврдено дека работодавачот и министерот за здравство со формирање на посебни медицински комисии вршат преиспитување на оцената за привремена спреченост за работа. Ова законско решение се покажа нецелисходно и беспредметно со оглед на тоа што законот содржи одредби со кои се предвидуваат контролни механизми на работата на избраните лекари, првостепените и второстепените лекарски комисии.
Со законот се утврдени меѓународно признатите сертификати за активно познавање на англискиот јазик од страна на директорот на Фондот и положен психолошки тест и тест за интегритет, но не е утврден меѓународниот сертификат АПТИС.
Со истекување на важноста на ЕЗК во праксата се појавија проблеми со користењето на електронските услуги преку Порталот на Фондот.
Цел на предлог законот
:
- поедноставување на утврдувањето на Листата на лекови, со тоа што наместо 14 стручни комисии, Владата ќе формира една стручна комисија
- бришење на нецелисходните одредби во делот на контролата/преиспитувањето на привремената спреченост за работа
- во делот на меѓународно признатите сертификати за активно познавање на англиски јазик од страна на директорот на Фондот, се додава сертификатот АПТИС, а се брише положен психолошки тест и тест за интегритет
- воведување квалификуван електронски потпис поради истекување на важноста на ЕЗК
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
16.05.2018 - 10.06.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
www.moh.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ana.petrovska@zdravstvo.gov.mk
Министерство за здравство
Ул:„50-та Дивизија“ бр.14 Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ана Петровска
Други информации
:
Нема